Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
11.05.2012, 18:00

Едиторијал

Потребен е разум, а не емоции

Даниела Трпчевска

Повеќе илјади граѓани вчера протестираа во шест града во земјава, извикувајќи „Ние сме муслимани, не сме терористи!“ Со силно полициско обезбедување, толпите млади луѓе кои се собраа пред џамиите по пладневната молитва во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга беа следени на нивната маршрута.

Црн петок се најавуваше со денови преку социјалните мрежи, што доведе до поширока вознемиреност меѓу населението. Сепак, апелите кои државниот врв, политичките партии и меѓународната заедница ги упатија за достоинствено и мирно протестирање, даваат надеж дека постои свест за тоа што е штетно а што е корисно за земјава и за сите нас.

На скопските улици се собраа неколку илјади Албанци, протестирајќи за приведувањата на групата за која се тврди дека се следбеници на радикалниот ислам. Тие незадоволството го изразија со мирен марш. Извикуваа „УЧК, УЧК“ и фрлаа камења кој Владата, но за среќа не успеаја да го скршат веќе напукнатиот прозорец од кревката мултиетничка зграда наречена Македонија.

Во некои од градовите учесниците на протестите можеа да се избројат на прсти, што само ја потврдува бесмисленоста и погрешно одбраниот момент да се излезе на улица и да се протестира, без конкретна цел и повод.

Организаторите на протестот „Стоп за монтираните политички процеси“ велат дека се залагаат правдата да излезе на виделина и убијците на момчињата да бидат казнети, и дека им се „навредени верските чувства и достоинството на неправедно уапсените сестри“. Но од каде тие знаат кои се а кои не се убијци, ако не дозволат да се спроведат со закон предвидените процедури?!

За правдата да излезе на виделина, она што е потребно во овој момент и од протестантите и од поддржувачите на контрапротестите кои се закажани за денеска, е да ги остават истражните органи да ја завршат истрагата, без притисоци, на транспарентен, непристрасен и професионален начин. Само на тој начин ќе се релаксира целото општество на кое му е зададен силен удар со убиството на петтемина кај Смилковско езеро.

Никој не го оспорува фактот дека виновниците треба да одговараат, како што е јасно како ден дека во злосторството не учествувале сите Албанци, ниту пак сите верници на исламската верска заедница можат да се поврзат со радикалниот ислам. Но, протести колку само да се протестира, се контрапродуктивни и ретроградни во овој момент.

Имајќи ја предвид чувствителноста на моментот, кршливите меѓуетнички односи, но и се' уште неокончаната истражна постапка за Смилковци, најавите за масовни собири доживуваат осуда од сите страни, токму поради стравот дека можат да нанесат штета на заедничкиот живот кој се гради со децении.

Допрва ќе видиме кој е резултатот од вчерашниот протест, кој многумина го протолкуваа како вовед во напрегнат викенд. Можеби и тоа беше причината за силното влијание и апели на политичките партии и верските заедници, за да пресретнат секаков обид за политичка злоупотреба на протестите. За поздравување е што и албанските партии ДУИ и ДПА ги повикаа своите членови и симпатизери да бидат внимателни.

Сега како предизвик остануваат денешните контрапротести пред Владата, каде Македонците најавуваат дека ќе го изразат својот револт против радикалните струи и петкратното убиство кај Смилковци. Всушност, најдобро е тие да не се одржат, за да не се создаде спирала од протести и демонстрации на меѓуетничка основа, што во моментов не и се потребни на Македонија.


Статијата е прочитана 1928 пати.

Испрати коментар



Гудбај Лондон
По штедењето
По апсењето на Љубе, на ред е Љупчо
Реакција
Посма - До кога ќе се мачат граѓаните
Писма - Терористичка група без порака



sss, 12.05.2012 00:47:47
da ve prasam nesto od kade vie znaete deka tie se radikalni islamski teroristi vie so toj zbor ja vregate cela islamska nacija a nesvesno a mozebi i namerno go velite toa za da podinete nekoja tenzija plus uste nesto jas bev prisuten na protestite i ne slusnav nekoj da kaze umrete kauri kako sto naglasija vasite mediumi koi sakaat da digaat tenzii i nie vidovme desetici vasi zeni na protesti koj bea po pat i niedna ne navredivme kako sto navredija vasite prethodno ili pa nekoj slucaen minuvac sto cekal avtobus videte vistinata mozebi ne e sekogas blaga ama sepak e vistina mozebi ve boli ama nie ne bevme vo alkoholizirana sostojba da se opravdame deka sme bile pijani zatoa gledajte gi rabotite realno ne samo kako vas vi odgovara zatoa sto gospod ke te kazni ako nikoj drug nema
Od Mene, 12.05.2012 02:19:01
Da, nie da ja sopreme spiralata kako sekogas.... Dali veruvas vo toa sto go zboris? Ako veruvas jas ne veruvam. Pozdrav
Istocna Makedonija, 12.05.2012 07:41:31
Da,sekako!Razum,a ne emocii,ama prvenstveno od onie sokrienite,podbucnuvacite,mesetarite, politickite profiteri,intrigantite!Inkogniti,gi palat mladive,bez ogled na nivnata nacionalna pripad- nost.Za svoi interesi gi frlaat vo ogan,manipuli- raat,a voie kutrive ,bez nikakva perpsektiva ednostavno izleguvaat na protesti poradi protes- ti.Nepotrebno se trodi mladeskata energija,kon- traproduktivno i na opasen nacin,po zdarvje i da ne dade Gospod i po zivot!Skraja da e!
решение, 12.05.2012 10:46:09
Протестите ќе престанат кога Јанкуловска и нејзиниот заменик Бајрами ќе поднесат оставка.
Makedonec od EU, 12.05.2012 11:26:18
Vlasta trebase da postapi porazumno i preventivno,za da gi spreci demonstraciite cii pravi ambicii se koi se krijat za protesti kako izraz na nezadovolstvo.Parolite na Ucesnicite na Ovie protesti jasno ukazuvaat na pravoto lice i namera.Vlasta mora da bide dosledna i soodvetno da reagira na zastita na inegritetot i dostoinstvoto na gragjanite i drzavata. Izvikuvanjata: UCK,Skopje,Tirana i Pristina,jasno ukazuvaat koj stoi zad ovie mirni protesti.Sramota.Vo Makedonija narodot ne e tolku glupav i naiven,a bogami i trpenieto e pri kraj.Trba razumnite etnicki Albanci zaedno so razumni Makedonci da izlezat i da pokazat kako treba vo edna civilizirana i pravna drzava( za kakva se smetame) da demonstrira te. protestira civiliziran narod. Protestite na Albancite nalikuvaa na razjarena tolpa bagabonti koi zagovaraat bezvlastie( da se oslobodele pritvorenite osomniceni).Samo vo edno se slagam so niv: Site muslimani ne se teroristi.Samo radikalnite.Toa jasno i go pokazaa.SRamota.
Одговорност, 12.05.2012 11:35:29
Не е потребен разум туку е потребна политичка одговорност од тие што не доведоа во оваа состојба! Тоа значи дека министерката и незјиниот заменик треба да си одат. Со својата неодговорна изјава Јанкуловска ги провоцираше сите муслимани во Македонија.
kris, 12.05.2012 12:09:05
Очигледно немаме среќа со министеркиве на МВР, пред 10 години Доста Димовска не доведе до војна, сегашнава како ја дал Господ не знае една изјава да склепа.........не треба однапред да суди и коментира тоа што не треба, не е свесна дека и мала искра е потребна работите да излезат од контрола.......... сепак е детенце во умот...............и не е за министер за МВР....
ФЕЛИКС, 12.05.2012 12:36:48
Иако е закаснет коментарот (требаше пред 10 дена кога беа првите петочни протести)треба да се поздрави оти два пати исти протести на иста тема,со исти учесници и со иста иконографија само можат спиралата на насилство да доведе до контра одговор.Се надевам и посакувам денешниве контра протести ќе бидат достоинствени и без завршница како вчера.Трите sss ми е некако недоречен па од тие причини би го запрашал.Дали има намера да протестира пред Англиската,француската,Шпанската а посебно пред амбасадата на САД оти тие земји вперуваат прст кон радикалниот ислам како глобална опасност.Ова го пишувам оти дотичниот е длабоко навреден кога некој споменува радикален ислам оти ги навредува чувствата на сите муслимани.Очекувам козистентност во навреденоста оти би ми било смешно ако е навреден само од власта а од другите да не е.
demokrat, 12.05.2012 17:56:11
Siromasen tekst. Tuku sakav Feliks da go prasam, zosto ne bara odgovornost od ministerkata na vnatresni poradi NEAPSENJE na narusuvacite na javniot red, frlacite na kamenja kon kabinetot na premierot i sirenje verska i nacionalna netrpelivost. Za ova treba da pisuvas druze Feliks, ova e DOLZNOST sto policijata PO SILA NA ZAKONOT MORA DA GO SPROVEDE. Vo sprotivno se bara odgovornost i soodvetna prijava za NEPROVEDUVANJE NA ZAKONITE NA RM, vo slucajot za NEAPSENJE NA RADIKALNI AZDISANI GLAVI!!!!
Ристо Андов, 13.05.2012 09:40:19
Ете според Куранот, за верници се сметалe, покрај муслиманите, исто така Евреите и христијаните. Впрочем, теистичките великодостојници кај нас постојано повикуваат на соживот! Ама ете без обзир на сето тоа, особено во минатото, муслиманите ги нарекувале Македонците Ѓаури или Каури! Освен тоа, еве и врапците во светот знаат дека АЛ-Каеда е инструмент на радикалниот ислам! За време на демнстрациите во Скопје, исто така бевме свидетели за паролата: Европа и Балканот ќе биле исламски Калифат, која укажува на исламски радикализам! За време на конфликтот 2001 год, некои од бранителите беа жови спалени исто така од исламски радикали итн. Вероватно не без основа, и убилците кај железарското езерце, се сметаат за исламски радикали! Према тоа, уличното лелекање на демонстарните дека не биле терористи, туку Мусломани, не делува ни малку уверливо во смисла на напредистакнатото! Напротив!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР
Брајант не може да замисли да не освои злато
Трудница на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |