Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.05.2012, 14:56

Трета среќа за нова грчка влада



Штафетната палка по Самарас и Ципрас денеска му беше предадена на Венизелос.

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Гордиевиот јазол за формирање грчка влада тешко се разврзува. Лидерот на ПАСОК и поранешен министер за финансии, Евагелос Венизелос ќе си ја проба среќата да формира нова грчка влада. Обидот на Венизелос е трет по ред за формирање коалициска влада за спас на државата по неуспешните обиди на неговите противници Адонис Самарас, лидерот на Нова демократија и Алексис Ципрас од левичарската СИРИЗА да најдат заеднички јазик и да ги испеглаат разликите со останатите политички партии. Историската шанса да се формира влада на левицата на Ципрас пропадна. Грција веќе една недела е во безизлезна ситуација околу идното владино раководство по катастрофалните резултати на вонредните парламентарни избори на кои ниедна политичка опција не освои доволно гласови за самостојно да формира влада. Јавноста е се поубедена дека сите обиди се залудни и народот повторно ќе излезе на избори следниот месец.

Лидерот на ПАСОК по преземањето на мандатот-штафета од претседателот Каролос Папуљас истакна дека планира да се сретне со сите лидери на партии и да поразговара со нив околу можноста за формирање влада. Венизелос истакна дека не се изјаснува како оптимист, меѓутоа има одговорност и ќе се обиде да направи што може за да се најде нова влада. Неговата главна цел е формирање на влада која ќе ја осигура иднината на Грција во еврозоната. Лидерот на ПАСОК е убеден дека и со ваквиот парламентарен состав и досегашните несогласувања има основа да се формира влада доколку политичките лидери покажат волја за тоа. Венизелос во своите разговори со лидерот на СИРИЗА, Ципрас околу историската шанса да се формира влада на левицата предложил да се формира влада за национален спас од СИРИЗА, Демократска Левица, ПАСОК и Нова демократија или пак доколку Ципрас има одржлив план за излез од економската криза да го презентира тој и да формира влада од левицата која ќе биде поддржана од ПАСОК. И по овој пропаднат обид, Венизелос сепак ќе се обиде уште еднаш да се сретне со сите лидери и да формира влада со проевропски предиспозиции за национален спас.

Венизелос за денеска попладне имаше предвидено средба со лидерот на Демократска Левица, Фотис Кувелис, а утре ќе се сретне и со неговиот најголем противник Самарас. Во медиумските кулоари кружеа гласини дека лидерите може да предложат влада ПАСОК, Демократска Левица и Нова демократија која би ја предводел Кувелис како премиер. Гласините не добија некоја посериозна потврда во текот на денот, особено ако се има предвид дека Кувелис истакна по изборите дека не би сакал да прави влада со партиите кои го имаат потпишано договорот за штедење.

Од Демократската левица му забележаа на Ципрас што не успеал да ја искористи можноста да формира влада и со неговите активности и инсистирањето за откажување од пакетот за штедење ја става државата пред свршен чин за распишување нови.

Грчките новинари и експерти кои будно ги следат политичките случувања не го менуваат почетниот став дека државата ќе има нови избори во јуни.


Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар



Пожар во барака кај скопската Железничка станица, нема повредени
Бучковски - СДСМ не се снаоѓа со пропагандата на власта
Последен обид за формирање на коалициона влада во Грција
Четири лица загинаа при пад на мал авион во Канзас
Осуда за протестите од Македонскиот полициски синдикат
Котески - Оптимист сум за НАТО самитот во Чикаго
Почина таткото на Мартин Нешкоски
Папуљас во обид да формира влада на национално единство
Грчкиот политички трилер продолжува
Во Тетово пробиен полицискиот обрач
Еден загинат во сообраќајка пред Скопје
Попоски во Брисел - Македонија е добра инвестиција за ЕУ
Од недела снижување на температурите за 10 степени, врнежи и грмежи
Се подготвува теренот за црквата „Св. Константин и Елена“
Камења и навреди на протестот во Скопје
Меркел - Нема раст со нови задолжувања
Врзана, тепана, па оставена со рачна бомба
„Скопски пазар“ одбележува 60 години постоење
Брејвик гаѓан со чевел - Убиецу, оди во пеколот!
ММФ го затега ременот и ги замрзнува платите
Шојбле - Еврозоната може да го поддржи излезот на Грција
Загина рудар во Саса
Вранишковски повторно доби две и пол години затвор
Апели за мирни протести, воздржаност и одговорност
Американската амбасада апелира на мир и воздржаност
Тачи ги повика Албанците да не учествуваат на најавените протести
Ставрески - Ќе паднат каматите и на државните записи
„Бранот“ ги однесе Бахчовановски и Башевски
Омбудсманот отвори четири предмети за Смилковци
(ФОТО) Жената божица се крена над „Жена борец“
„Аџибадем - Систина“ за две години над 1.500 операции на срце
Избрано логото за „Скопје креатива“
Пола милион денари за рекреација на пензионерите
Од дрво во училиштен двор паѓаа пари
Откорнале паркет, барајќи злато
Груевски до НАТО - Да не го изгубиме тлото под нозе
Попоски во посета на Луксембург и на Белгија
Путин не доаѓа на самитот на Г-8 во САД
Масакр во Дамаск - 40 загинати од бомби
Солидарноста со Грција има граници
Сарачини - Сите плати за ОХИС до крајот на јуни
Обама прв пат ја поддржа легализацијата на геј браковите
Нема знаци за преживеани во рускиот авион што се урна во Индонезија
Рамуш Харадинај се враќа на Косово
Ни Ципрас не успеа да формира влада во Грција
Апели за мирни протести
Од Светска банка 150 милиони долари
Полицајците ќе возат „шкода јети“ или „сеат алтеја“
Груевски - Заслуживме членство во НАТО и преговори со ЕУ
Орав - Во ЕУ само со нејзините вредности
Претседателот Иванов на брифинг во МНР
Јулија Тимошенко префрлена во болница
Шест партии ќе го поддржат Тадиќ во вториот круг
Радарите ќе се следат и на мобилен телефон
Филе - Црна Гора во јуни почнува преговори
Иванов - Протестот е демократско право, но судот решава според законот
„Форд“ ќе произведува повеќе автомобили
Дневно се вршат и по три евтаназии во Белгија
Одбележување на Денот на победата над фашизмот
Ципрас ги откажува спогодбите со меѓународните кредитори
Велешанец две и пол години ја силувал 24-годишната ќерка
Харадинај привремено пуштен на слобода од Хашкиот трибунал
Плата за вработените во ОХИС по ребалансот
Честитка од Иванов до Ромпуј по повод Денот на Европа
(ФОТО) „Џонсон Мети“ вложува нови 60 милиони евра
Златни коњи се извишија спроти Собранието
Историска шанса за грчката левица
Одлуката за Бошкоски донесена, но се' уште е тајна

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Недела
Ветровито
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |