21.02.2012, 14:55 Биелса кандидат за наследник на Вилјаш-Боаш
Неименуван извор близок до аргентинскиот фудбалски стручњак за „Марка“ откри дека претставници на Челзи веќе го контактирале популарниот „Ел Локо“
Ако се суди според пишувањата во англиските и шпанските медиуми овие денови тогаш Португалецот Андре Вилјаш-Боаш се движи кон излезна врата на „Стемфорд бриџ“.
Како одминува времето станува се појасно дека тренерот на Челзи го губи кредибилитетот кај сопственикот Роман Абрамович, па затоа рускиот тајкун наводно тргнал во потрага по негова замена.
Најново е дека на врвот на неговата листа со желби се наоѓа Марсело Биелса, кормилар на Атлетик Билбао, откако неименуван извор близок до аргентинскиот фудбалски стручњак за „Марка“ откри дека претставници на „сините“ веќе го контактирале популарниот „Ел Локо“. Биелса котира високо на светскиот пазар во моментот. Препорака за тоа се резултатите што ги бележи со Атлетик Билбао во оваа сезона. Дотурка до четвртата позиција во Примера и до нокаут фазата во Лига Европа.
|