20.02.2012, 11:04 Ливерпул го торпедираше Брајтон во ФА Купот
На својот „Енфилд“ Ливерпул синоќа славеше со 6:1, а гостите постигнаа дури три автоголови
Екипата на Ливерпул постигна убедлива победа во последниот натпревар од 5.коло од ФА Купот. На својот стадион „Енфилд“ Ливерпул синоќа го совлада Брајтон со 6:1, притоа гостите постигнаа три автоголови. Со оваа победа Ливерпул обезбеди пласман во четвртфиналето.
На другите натпревари од оваа фаза во ФА Купот беа постигнати следниве резултати: Евертон – Блекпул 2:0, Норвич – Лестер 1:2, Милвол – Болтон 0:2, Сандерленд – Арсенал 2:0, Кроули – Стоук 0:2, Челзи – Бирмингем 1:1 и Стивениџ – Тотенхем 0:0.
Дуелите кои завршија нерешено ќе се преиграат, со тоа што ќе има промена на улогата на домаќин. На 6 март Бирмингем го пречекува Челзи, а на 7 март Тотенхем е домаќин на Стивениџ.
Познати се и четвртфиналните двојки кои треба да се одиграат на 17 и 18 март: Ливерпул – Стоук, Челзи/Бирмингем – Лестер, Стивениџ/Тотенхем – Болтон и Евертон – Сандерленд.
|