20.02.2012, 11:46 Шведска привлечна за Европејците во време на кризата
Вработувањето и надежта за посветла иднина привлекуваат се поголем број лица од европските земји погодени со криза да се преселат во Шведска.
Во рамки на проектот „Еурес“, кој се одвива во соработка на Европската комисија со заводите за вработување во земјите-членки на ЕУ, Шведска развива широка соработка и со јужноевропските држави.
Бројот на Грци кои побарале и добиле право на престој во Шведска бил двојно зголемен од 400 во 2010 на 800 во 2011 година, според статистичките податоци на шведскиот Миграциски завод. Во пораст е и бројот на Шпанци, Италијанци и Португалци кои бараат работа и престој во Шведска.
- Тоа е природна последица од економската ситуација. Тие што се во можност, ја користат шансата, вели Димитриос Каркаманис, економист кој и самиот емигрирал во Шведска во 1969 година, пишува „Свенска дагбладет“ .
Преку веб-страница која што самиот ја покренал, Каркаманис често го контактираат Грци кои сакаат да најдат работа во Скандинавија.
- Добивам по десетина мејлови неделно и од академци и од работници кои почнуваат да се чувствуваат очајно, вели Кракаманис.
|