20.02.2012, 14:06 Мекејлеб со Монтепаски најдобар во Купот на Италија
До четвртата последовна титула во ова натпреварување, тимот од Сиена стигна со убедлива победа во финалниот натпревар против Канту од 88:71
Македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, со својот тим Монтепаски Сиена, го освои Купот на Италија. До четвртата последовна титула во ова натпреварување, Монтепаски стигна со убедливата победа од 88:71, во финалниот натпревар против Канту.
Мекејлеб во освојувањето на Купот учествуваше со 9 поени, 4 асистенции и 2 скока. Најефикасен во победата на тимот од Сиена беше Дејвид Андерсен со 23 поени, покрај него уште тројца играчи на Сиена постигнаа двоцифрен број на поени: Кшиштов Лавринович 16, Дејвид Мос 14 и Николаос Зизис 10.
Ветеранот Џанлука Базиле беше единствената светла точка во екипата на Канту, постигнувајќи 15 поени.
Ова е втор успех на еден тим во кој настапуваат македонски интернационалци викендов во куп-натпреварите. Вчера, до куп-пехарот дојдоа Дамјан Стојановски и Марин Докузовски откако нивниот Лукоил Академик беше подобар од Левски во финалето од Купот на Бугарија.
|