20.02.2012, 13:55 Македонецот Стефан Лошковски избран за најубав маж во светот
Покрај наградата „Мистер на светот“, 20-годишниот Лошковски во Перу е избран и за „најубаво лице“
На интернационалниот избор „Mister sea world 2012“ кој се одржа во Перу, македонскиот претставник Стефан Лошковски го понесе првото место.
Покрај наградата „Мистер на светот“, 20-годишниот Лошковски е избран и за „најубаво лице“. Во женска конкуренција, титулата ја понесе Дениз Џорџиа од Еквадор.
Скопјанецот Лошковски е ватерполист во македонската репрезентација и студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
|