Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.02.2012, 18:29

„Цезар мора да умре“ добитник на „Златна мечка“

„Парада“ на Срѓан Драгојевиќ и „Марина Абрамовиќ – Уметникот е присутен” на Метју Акерс се наградени од публиката на 62. „Берлинале“

Филмот „Цезар мора да умре“ на браќата Паоло и Виторио Тавиани е добитникот на престижната награда „Златна мечка“, која завчера вечер им беше доделена на 62. „Берлинале“. Наградата им ја доделија претседателот на годинешното жири, британскиот режисер Мајк Ли и директорот на Филмскиот фестивал, Дитер Кослик. „Цезар мора да умре“ е италијански, во чиј фокус се група автентични затвореници, кои во затвор го подготвуваат за изведба познатиот Шекспиров драмски текст „Јулије Цезар“.

Добитник на наградата „Сребрена мечка“ за најдобра режија е германскиот режисер Кристијан Пецолд за филмот „Барбара“, додека специјалната награда „Гранпри“ ја доби унгарскиот режисер Бенце Флигауф за филмот „Само ветер”.

Наградата за најдобро сценарио му припадна на данскиот филм „Кралска афера“ на режисерот Николај Арсел, а актерот Микел Босфолгерт за својата улога во истиот филм е награден за најдобра машка улога. Дебитантката Рашел Мванѕа е добитничка на „Сребрена мечка“ за најдобра актерка за својата улогата во филмот „Бунтовничка“, на канадскиот режисер Ким Нгујен. Истоимената награда, но за особено уметничко остварување ја доби германскиот камерман Луц Рајтемајер.

Португалскиот режисер Мигел Гомез за филмот „Табу“, пак, ја доби наградата од жирито на филмските критичари, а овој филм е добитник и на наградата „Алфред Бауер“ во чест на основачот на Фестивалот. Специјалната награда „Сребрена мечка“ му е доделена на филмот „Сестра“ на Урсула Мајер.

Играниот филм филм „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ и документарецот „Марина Абрамовиќ – Уметникот е присутен” на Метју Акерс се добитници на наградата на публиката на програмата „Панорама“. Втора награда на публиката за игран филм доби романско-француската копродукција под наслов „Диаз - Не ја чисти оваа крв“, на режисерот Даниеле Вичари, а третата бразилскиот филм „Џингу“ на Као Хамбургер. Со втора награда во „Панорама“ се наградени документарците „Наречи ме Кучи“ од САД и „Девицата, Коптите и јас“ од Франција. Во „Панорама“ годинава учествуваа 53 продукции од 37 држави, со 20 документарни филмови, а наградите од оваа програма беа доделени синоќа.

На филмот „Парада“, кој е копродукција на Србија, Хрватска, Словенија и Македонија, освен наградата на публиката, му е доделена и пофалница од Екуменско жири и наградата „Елзе“ што ја доделува „Зигезојле“, берлинско геј-списание.

„Иако постојат граници, ова е ’југословенски филм’ и соработката и натаму ќе продолжи“, ја пренесува Дојче веле изјавата на режисерот Срѓан Драгојевиќ, според кого првите луѓе на филмските фондови на сегашните копродуценти покренале иницијатива за формирање регионален филмски фонд кој би се нарекол „Титов фонд“.

Филмот на Теона Стругар Митевска „Жената што ги избриша своите солзи“ кој на „Берлинале“ имаше пет проекции и беше прифатен од публиката и забележан од критиката не доби ниту една награда.

„Анет Мајер, специјализирана за филм, која пишува за повеќе списанија, смета дека ’филмот е интересен’. Некои нејзини колеги, вели, можеби и го искритикувале, но подобро е да има и некаква реакција отколку да мине незабележан“, забележува меѓу другото „Дојче веле“, сметајќи го за особено важен фактот дека Македонија годинава во Берлин беше претставена и во категоријата „Генерација“ со кусиот филм на Марија Апческа „Бардо“.


Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар



Пронајдена „помлада и посвежа“ Мона Лиза од париската
Бандерас ќе го глуми Пикасо во „33 дена“
Принцот од Монако натепан во Њујорк
Северина се породи, синот се вика Александар
Руската Парис Хилтон во кампања против Путин
Македонецот Стефан Лошковски избран за најубав маж во светот
Шведска ЛГБТ-изложба и дводневна конференција
„Златен прстен“ за писателот Веле Смилевски
Погребна церемонија
Милчо Манчевски добитник на наградата ЦЕИ 2012
Куклена претстава „Муминтрол и зимата“ во МНТ
Промовиран филмот „Дојди во Карпош“ во продукција на ЕСРА
„Софија на столица“ - изложба на Богдан Грабуловски во Прилеп
Клуни - Осамен сум и понекогаш премногу пијам
Филмот за нацисти кои ја напаѓаат земјата во фокусот на Берлинале
Електронскиот бенд „01 плант“ во живо на Канал 103

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |