Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.02.2012, 18:33

Милчо Манчевски добитник на наградата ЦЕИ 2012

Наградата е доделена во рамките на 23. Филмски фестивал во Трст, на 21 јануари

Наградата „ЦЕИ“ што се доделува во рамките на 23. Филмски фестивал во Трст, годинава му припадна на македонскиот режисер Милчо Манчевски за неговата повеќеаспектна, триесетгодишна кариера во филмските продукции. Наградата во висина од 3.000 евра е предадена на одржаната церемонијата за нејзино доделување во Трст, на 21 јануари, од страна на Зоран Јовановиќ, заменик-генерален секретар на Централноевропската иницијатива.

ЦЕИ воспостави долгогодишна соработка со Филмскиот фестивал во Трст, потврдувајќи ги заслугите на иницијативата која со големо внимание ја промовира и поддржува кинематографијата на земјите од истоимениот регион. Посебно го поддржува „Проектот Иствик“, кој ја негува соработката со училиштата и академиите од земјите на Централна и Источна Европа и во Трст привлекува млади режисери, продуценти и сценаристи, нудејќи им можност да учествуваат на фестивалот, и на низа состаноци, семинари и специјални настани.

Како дел од заложбите за поддршка на филмовите од Централна и Источна Европа, ЦЕИ ги подржува и средбите на копродукцијата „Кога Исток го сретнува Запад“, организирани од Регионалниот фонд за аудио-визуелна уметност во покраината Фурланија-Јулијска Краина и Филмскиот фестивал во Трст.

Во посочената за оваа пригода биографија на Милчо Манчевски стои дека е писател, фотограф, филмски критичар, сценарист и режисер кој кариерата ја почнал со снимање кратки филмови, музички видеа и реклами што му донесоа меѓународна слава. „Откако стекна диплома за филмска режија во САД, Манчевски се врати во Македонија – неговиот оригинален извор на инспирација и се посвети на раскажување на сторијата на неговата земја на страсен и автентичен начин, земја за која се бореле многубројни етнички групи, постигнувајќи рамнотежа меѓу моќниот притисок кон современоста и силната приврзаност кон нејзините културни и прадедовски корени“, стои во информацијата од Филмскиот фестивал во Трст. Наброени се и филмските остварувања на Манчевски, но и дел од добиените награди и признанија. (К.Б.)


Статијата е прочитана 677 пати.

Испрати коментар



Пронајдена „помлада и посвежа“ Мона Лиза од париската
Бандерас ќе го глуми Пикасо во „33 дена“
Принцот од Монако натепан во Њујорк
Северина се породи, синот се вика Александар
Руската Парис Хилтон во кампања против Путин
Македонецот Стефан Лошковски избран за најубав маж во светот
Шведска ЛГБТ-изложба и дводневна конференција
„Златен прстен“ за писателот Веле Смилевски
Погребна церемонија
„Цезар мора да умре“ добитник на „Златна мечка“
Куклена претстава „Муминтрол и зимата“ во МНТ
Промовиран филмот „Дојди во Карпош“ во продукција на ЕСРА
„Софија на столица“ - изложба на Богдан Грабуловски во Прилеп
Клуни - Осамен сум и понекогаш премногу пијам
Филмот за нацисти кои ја напаѓаат земјата во фокусот на Берлинале
Електронскиот бенд „01 плант“ во живо на Канал 103



Goce, 20.02.2012 00:16:41
Milco Mnaveski,mnogu ja zadolzil Makedonija,so nejzinoto reklamiranjevo svetot. Milco,e eden od najgolemite reziseri,profesionalci,intelektualci,i hedonisti vo Makedonija. Za negovata golemina,ne govoramsamo jas,tuki i relevantnite institucii,koi zanaat da gi uvidat, procenat i nagradat,umetnickite kvalitetite na lugeto.
Tina, 20.02.2012 05:58:08
Milco!, Jeeeeeee! Cestito. Zasluzuvas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Вторник
Грмотевици со дожд
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |