21.02.2012, 11:14 Северина се породи, синот се вика Александар
Александар дојде на свет вчеравечер со царски рез вово сплитската болница КБЦ, а е долг 52 см и тежок 3.200 г. И мајката и бебето се чувтвуваат добро
Најпопуларната трудница на Балканот, хрватската поп пејачка и актерка Северина, се породи вчеравечер, во 23.04 во сплитската болница КБЦ, каде што ги помина последните недели од својата бременост. Синот Александар дојде на свет со царски рез, а е долг 52 см и тежок 3.200 г. И мајката и бебето се чувствуваат добро.
Како што пренесуваат српските и хрватски медиуми, покрај пејачката постојано бил нејзиниот сопруг, српскиот милионер Милан Поповиќ (46), кој не ја криел радоста поради раѓањето на својот наследник. Токму Милан прв го видел малиот Александар и притоа не можел да ги сокрие солзите.
Породувањето на Северина вчера го потврди и нејзиниот менаџер, Томица Петровиќ, кој изјави дека породувањето минало во најдобар ред.
Северина беше примена во сплитската болница на 2 јануари поради благо крварење во поодмината бременост. Терминот за породување и беше 7 февруари, но таа сакаше да се породи по природен пат. Со оглед на тоа што Севе е постара прворотка и има речиси 40 години, лекарите сепак, се одлучија за царски рез како најсигурна опција.
|