Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
21.02.2012, 19:09

Реплики

Кога Албанија ќе ја признае Македонија?

Соња Крамарска

Прашањето за признавање на Ма��едонија под уставното име од страна на Албанија е безмалку табу тема во односите меѓу Македонија и Албанија

Овдешната јавност малку ја експлоатира темата за односите меѓу Македонија и Албанија, освен кога се говори за извонредно пријателските релации меѓу двете земји, и тоа во контекст на албанското малцинство во Македонија и честите посети од двете страни на границата. Оттука, секое споменување на фактот дека пријателска Албанија се' уште ја нема признаено Македонија под уставното име, се прима со неверување и со скептичен коментар дека Македонија им дава права на Албанците а Албанија за возврат на највисоко ниво се' уште го следи диктатот на Грција. Албанија, иако меѓу првите ја призна независноста на Македонија, и по дваесет години од тој чин, се' уште ни' се обраќаат со референцата Поранешна Југословенска Република.

Причината за таквиот став на Албанија е секако Грција, и тоа според анализите, од два аспекти. Албанските имигранти кои работат во Грција, и тактизирањето на Грција во однос на признавањето на Косово, кое е важно за Албанија.

По падот на комунистичкиот режим во Албанија во 1991, односите меѓу Албанија и Грција се влошија бидејќи се појавија обвинувања дека Албанија лошо го третира грчкото малцинство во јужна Албанија и обратно дека Грција го малтретира албанското малцинство во својот северен дел. Бранот од илегални албански мигранти во Грција подоцна ја зголеми напрегнатоста меѓу двете држави. Кризата меѓу нив ескалираше во 1994 кога Албанија фрли во затвор петмина претставници на локалната грчка партија „Омонија“ заради исмевање на албанската држава. Грција возврати со замрзнување на целата помош од ЕУ кон Албанија. Односите им се подобрија кога во 1996 потпишаа договор за мир и пријателство.

Денес односите меѓу Албанија и Грција се оценуваат како релативно добри, а она што ја држи Албанија постојано ориентирана кон Грција во својата надворешна политика се албанските печалбари во Грција.

Албанската економија, барем според досегашните статистики со кои не се опфатени најновите случувања на економски план во Грција, е премногу зависна од парите што албанските печалбари ги испраќаат од Грција. Но исто така, Грција е и втор по големина трговски партнер на Албанија со инвестиции вредни 400 милиони долари. Бројката на албански имигранти во Грција се проценува на 400.000 до 2 милиони, со дополнителна процена дека е тоа 10 до 20 проценти од работната сила во Грција.

Меѓутоа, сега, во светлина на економската криза што ја зафати Грција и строгите мерки што ќе уследат по диктат на земјите од ЕУ, многу е веројатно дека бранот на отпуштања и губење на работни места најмногу ќе ги зафати имигрантите, пред се' албанските како водечка бројка.

Освен албанските имигранти во Грција кои во контекст на најновиот развој на состојбите кај јужниот сосед не се веќе толку силна политичка пречка, овдешни аналитичари од албанскиот камп велат дека за Тирана е и поважно Грција како членка на ЕУ да го признае Косово отколку Тирана да си навлече гнев од Атина признавајќи ја Македонија под уставното име.

Така, прашањето за признавање на Македонија под уставното име од страна на Албанија стана безмалку табу тема во односите меѓу Македонија и Албанија. Македонија никогаш не го отворила тоа прашање, барем не во јавната комуникација меѓу двете земји, веројатно од џентлменски побуди кон својот сосед, иако нема потреба за такво нешто откако Тирана си обезбеди место во НАТО и прави успешни чекори кон членство во ЕУ.

Интересно е што во 2006 година, при една посета на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, на Албанија, тогашниот албански претседател Алфред Мојсиу, даде цврсто ветување дека Албанија, како што рече, „наскоро ќе ја признае Македонија под уставното име“. Мојсиу, тогаш беше понесен од неуспешниот референдум што се организираше во Македонија против новата територијална поделба која се направи согласно Охридскиот рамковен договор и која им даде повеќе права на општинските власти. Тоа ветување, дадено на највисоко ниво, остана неостварено.

Нашите две земји разговараат за слободен проток на луѓе и пазар од двете страни на границата, признавање на возачки дозволи, и отстранување на сите административни бариери, но прашањето кое во моментов и е многу важно на Македонија, и натаму останува неодговорено. Каква дипломатија ќе води Македонија барајќи низ светот далечни и непознати земји да ја признаат под уставното име, кога во регионот постои пријателска држава која ја игнорира оваа потреба на својот сосед.

Лидерите на најголемите албански партии во Македонија, Али Ахмети и Мендух Тачи се чести гости на државниот врв во Тирана. Но ниту еднаш досега во Скопје од нивните македонски коалициски партнери не им е поставено прашањето дали тие се ангажираат кај пред албанските власти за признавање на Македонија под уставното име. Ниту пак, овдешните албански лидери во било која прилика некогаш ја отвориле таа тема.

Албанскиот премиер Сали Бериша му беше гостин на македонскиот премиер Груевски во ноември. Тогаш Бериша понуди помош од Албанија околу приемот на Македонија во НАТО иако објективно Тирана не може ништо да направи за тоа. Отсуството на одлука од Албанија за признавање на Македонија под уставното име и тогаш остана на маргините на едно долгогодишно меѓудржавно пријателство.

Деновиве, кога македонскиот парламент усвојува листа на празници и државни манифестации по повод значајни настани од историјата, а многу од албански настани влегоа на таа листа, јавноста со право се прашува дали добрата волја на Македонија наидува на реципроцитет од соседот Албанија. Одговорот е дека Албанија и натаму останува воздржана по едно од најзначајните политички прашања за Македонија.


Статијата е прочитана 4357 пати.

Испрати коментар



„Шпетими“ пред седумте Јасени
Сeкoj си има свој Никола
Конструктивни газди



Itar Pejo, 22.02.2012 00:30:28
So netrpenie ocekuvam komentari od patriotite!
pameten, 22.02.2012 06:34:52
Albanija nema interes da priznae Makedonija kako drzhava na Makedonskiot narod. Shto podobro za niv ako Makedonija si go promeni imeto? Albancite vo RM kje bidat priznaeni za narod! Zoshto Makedonija mizhi? Od odchaj! drzhavava ima potreba od barem eden sosed sojuznik. Vo 1991 Grcija i Srbija sakaa da ja unishtat Makedonija. Bugarija ja prizna so rizik za svojata Evrointegracija pod ustavnoto ime, no uslov za dobrite odnosi beshe prifakjaneto na ochigledno zaednichkite koreni i istorija. Ovo beshe neprifatlivo za golem del od elitata i od narodot. Cvrstoto neriganje na Bugarskite koreni ja rodi antikvizacijata, taa napravi kompromisot so Grcija nemozhen, Srbija se okazha von igrata. Logichno ulogata na Albanija kje se zagolemuva bez taa da napravi nishto!
zrak, 22.02.2012 07:27:35
pejo;kaj nas se site dolar patrioti,a albanija ne prizna megu prvite pak od niven interes za rusenje na SFRJ,Potoja vidoja sto patrioti ni ja vodat drzavata i se ponasaat taka kako site znaeme;duri i vo manu se mesaat.
B. Betinski, 22.02.2012 08:16:18
A kako da ne bide „vozdrzana“ koga nasive (Gruevski, Ivanov) tolku uspesno i krotko se vozdrzuvaat, ako ne povekje, baram da prasaat zosto taa (Albanija) se „vozdrzuva“?; koga, ocigledno, igraat nekoja gluva „piperevka“ po ist nacin po koj, kako sto neodamna i otkrija na javnosta, poduplasenata EU igrala po svirkata od razgalenata Grcija?
P.Petar, 22.02.2012 08:17:06
Balkanskite ovcicki se poznati kako dobri i poslusni pa coporot volci koj nadojde gi sardisa.opkoli i gi sprema za MEZE. Edinstveno im smeta uste eden oven sto pomalce rita/zivee malce ponasever od nas/ i dokolku i nego go suredat togas SITE OVCI VO TRLO A VOLCITE neka tancuvaat spremajki sa za golema gozba!Dali ovcata ALCKO ja priznava ovcata MACKO e skoro nidna vo vakva traumaticna sostojba. Moze da se sluci i ALCKO da ja oslovi ovcata komsivka so MACKO no samo po naredba na glavniot volk! Naravoucenie: IMA LI NEKOJ LOVEC DA SE POJAVI I DA GI ISTERA VOLCITE??
PAVLE ALIMASKA, 22.02.2012 08:49:29
Каде е сега големио�� патриот ГРУЕВСКИ,а и неговиот претходник ГЕОРГИЕВСКИ кои ја посетуваа Албанија и им се поклонуваа на албанските челници.Не ка знаат сите „ Патриоти “ дека Груевски е предавник .Тоа нека го знае и вечниот директор ЧЕШЕЛО во ПРИЛЕП,кој сакајќи да им се улизува на ВМРО овците ги снима професорите од опозицијата во Прилеп СО СКРИЕНИ КАМЕРИ.
Majkin, 22.02.2012 10:09:29
Koga Srbija ke go priznae Kosovo togas I Grcija ke go priznae.
od ostrijot, 22.02.2012 10:21:46
toa e patrijotska tajna zatoa nikoj nesmeje da znaje zosto albanija uste nene priznala pod ustavno ime,
Mudrec, 22.02.2012 12:49:04
Konecno izdrzan tekst od Sonja. Tuku, da go prasam pametniot na koi bugarski koreni misli? Zar ke gazam po dedo mi koj uzivase da raskazuva prikazni kako tepale bugari se dodeka ne ja oslobodile Makedonija? Ne e nisto novo i treba da se pomirime - na Makedonija nitu eden sosed ne i e sojuznik, za site e podobro da ne ne nema. Sepak, za Makedonija se prasuvaat Makedoncite i zatoa ke prodolzime da im bideme trn vo oko.
Џоле, 22.02.2012 15:01:08
Ако им поставиме услов, пр. Признавање на името, па безвизен режим. Тогаш тие ќе се нафрлат на незаштитеното македонско малцинство во Албанија (и само тие ќе имаат мака). Овде секако не им можеме ништо на кутрите хрчки. И кога ќе видиш, чути покрисе, оти ни пците со маст не`не јадат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Сабота
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |