20.02.2012, 15:23 Руската Парис Хилтон во кампања против Путин
Во последниве неколку месеци 33-годишната Ксенија Собчак, позната по скандалозните сцени кои се прикажувале во нејзиното реално шоу, е главно лице на кампањата која се води против премиерот Владимир Путин
Атрактивната русокоса, која руските медиуми ја споредуваат со богатата американска наследничка, Парис Хилтон, предизвикала вистински метеж со своите политички емисии (една е прикажувана на Ем-Ти-Ви, а друга на една независна телевизија), па минатиот месец се укинати.
Ксенија е ќерка на Анатолиј Собчак, мајор кој бил домашен пријател со рускиот премиер. Кога Анатолиј починал во 2000. година, Путин присуствувал на неговиот погреб.
Пријателството на нејзините родители со Путин, не ја спречило на Бадник да излезе пред 100.000 демонстранти во Москва, кои не биле задоволни со резултатите од парламентарните избори одржани на 4. декември, на кои победила Едниствена Русија, а на кои се пријавени бројни неправилности.
„Моето име е Ксенија Собчак. Имам што да изгубам, но сепак сум овде - рекла русокосата.
Пред Путин, Ксенија го нападнала Василиј Јакеменко, шефот на Федералната агенција за младински прашања и основач на движењето „Наши“, кој е познат по фанатичното малтретирање на луѓе, кои се сметаат за непријатели на Русија. Ксенија го видела Василиј во еден скап ресторан во Москва и направила видео во кое му се потсмева на неговиот вкус и го објавила на Твитер. Откако видеото се раширило по Интернет, челниците на движењето „Наши“ ја нарекле Собчак „евтина проститутка“.
Иако има многу што и' го доделуваат овој епитет, Ксенија има се' повеќе поддршка од опозиционите лидери, како заштитничката на Химкинската шума, Евгенија Чирикова.
|