16.02.2012, 12:55 Електронскиот бенд „01 плант“ во живо на Канал 103
„01 плант“ го сочинуваат Александар Златковски, Иван Јовановиќ и Даниел Ѓуревски. Бендот е инспириран од современата електронска, ноис и краутрок-сцената
Во најновото продолжение на радиосеријалот „Ако никој не свири... во живо на Стотројка“, в недела, во 22 часот, во студиото на музичкото радио Канал 103 ќе настапи кумановскиот бенд „01 плант“.
„01 плант“ го сочинуваат Александар Златковски, Иван Јовановиќ и Даниел Ѓуревски. Бендот е инспириран од современата електронска, ноис и краутрок-сцената. Музиката се базира на длабоки и дисторзирани аналогни басови, емотивни мелодии од електрична гитара и специфични синтисајзерски звуци дизајнирани да го раздвижат телото и умот.
Овој надоаѓачки бенд е уште еден доказ за неверојатната виталност и креативност на кумановската музичка сцена.
|