Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.02.2012, 18:48

Погребна церемонија: Витни, те чекаат ангелите

Актерот Кевин Костнер одржа говор не заборавајќи да се заблагодари на семејството на Витни за тоа што не го заборавиле. Со треперлив глас Кевин кажа дека секогаш се чувствувал како телохранител на Витни.

„Витни, ако ме слушаш, сакам да ти кажам дека не беше добра, беше одлична и луѓето многу те сакаа“ - беше дел од прошталниот говор полн со емоции на Кевин Костнер (57), актер кој на пејачката во 1992 година и' беше партнер во филмот „Телохранител“.

„Беше единствена која можеше да ја одигра таа улога. Најдобра. А на сите девојчиња кои сакаат да станат ’ти’, им порачувам да го негуваат гласот и да знаат дека едно божјо чудо гледа на нив. А она што тебе те вивна во светот на најдобрите беа постојаните преиспитувања дали си доволно добра и убава. Истото што те уби.... А сега тргни Витни, придружи му се на твојот небесен татко и опкружи се со ангелите. Заслужи...“

Актерот Кевин Костнер одржа говор не заборавајќи да се заблагодари на семејството на Витни за тоа што не го заборавиле. Со треперлив глас Кевин кажа дека секогаш се чувствувал како телохранител на Витни.

Погребот на поп-дивата Витни Хјустон почна во саботата во 12 часот во баптистичка црква во нејзиниот Њу Џерси со песната „Greatfull Day“. Целата церемонија беше замислена како концерт и сеќавање на ликот и делото на познатата пејачка. Околу 1.500 нејзини роднини и пријатели, само оние што добиле покани, дојдоа на последното испраќање на Витни, а бившиот сопруг Боби Браун го напушти погребот набргу откако почна сеќавањето на неа.

Илјадници нејзини фанови останаа надвор бидејќи семејството на Витни инсистираше погребот да не биде отворен за јавноста, но комеморацијата можеше да се следи преку големите телевизиски станици Би-Би-Си и Си-Ен-Ен. Меѓу многуте пријатели што сакаа да и' оддадат последна почит беа и Опра Вифри, Мараја Кери, Спајк Ли, Алиша Кис, Дајан Ворвик, а нејзината кума Арета Фреклин поради болеста го откажа своето доаѓање.

„Сакам да му се заблагодарам на господ што ми дозволи да ја запознам и да бидам со Витни“- кажа Стиви Вондер, кој ја отпеа омилената песна на својата пријателка „Ribbons in the Sky“.

Оваа тажна поворка ја поздрави градоначалникот Кори Букер, ама и актерот Тајлер Пери, а мајката на Витни, Сиси Хјустон, напиша дека отсекогаш претчувствувала дека ќерка и' рано ќе ја напушти, ама дека е среќна што Господ и' дозволил да одгледува таков цвет.

Алиша Кис своите сеќавања на Витни ги кажа на клавирот, пеејќи ја „Can You Send Me an Angel“. Убави зборови за поп-дивата имаа и продуцентот Клајв Дејвис, кој и' се обрати на ќерката на Витни, а долг и трогателен говор одржа и менаџерката Пет Хјустон, а потоа и пејачот Ар Кели.

Како што почна, погребот така и заврши - со песна, и тоа со најголемиот хит на Витни „I Will Always Love You“. Со оваа композиција, што во меѓувреме стана евергрин, ковчегот со телото на Витни беше изнесен од капелата. Многубројните обожаватели со часови оставаа цвеќе, пораки и разни предмети упатени на славната Витни Хјустон.

Витни има продадено преку 170 милиони албуми и видеоматеријали, објави седум музички албуми и три албуми со филмска музика.


Статијата е прочитана 3656 пати.

Испрати коментар



Пронајдена „помлада и посвежа“ Мона Лиза од париската
Бандерас ќе го глуми Пикасо во „33 дена“
Принцот од Монако натепан во Њујорк
Северина се породи, синот се вика Александар
Руската Парис Хилтон во кампања против Путин
Македонецот Стефан Лошковски избран за најубав маж во светот
Шведска ЛГБТ-изложба и дводневна конференција
„Златен прстен“ за писателот Веле Смилевски
Милчо Манчевски добитник на наградата ЦЕИ 2012
„Цезар мора да умре“ добитник на „Златна мечка“
Куклена претстава „Муминтрол и зимата“ во МНТ
Промовиран филмот „Дојди во Карпош“ во продукција на ЕСРА
„Софија на столица“ - изложба на Богдан Грабуловски во Прилеп
Клуни - Осамен сум и понекогаш премногу пијам
Филмот за нацисти кои ја напаѓаат земјата во фокусот на Берлинале
Електронскиот бенд „01 плант“ во живо на Канал 103

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Вторник
Грмотевици со дожд
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |