Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.02.2012, 11:50
Јоаким Гаук ќе биде новиот германски претседател



Партиите постигнаа согласност да го номинираат 72 годишниот пастор за иден претседател на Германија

Теологот, кој не и припаѓа на ниту една партија, борецот за човекови права во поранешната ГДР, Јоахим Гаук, треба да биде новиот германски претседател.

Владината коалиција од партиите на Унијата и либералите, заедно со опозиционите социјалдемократи и Партијата на Зелените постигнаа согласност да го номинираат 72 годишниот Гаук за иден претседател на Германија. На номинацијата и‘ претходеа интензивни политички преговори во Берлин.

„Се чувствувам возбуден и помалку збунет“, изјави старо-новиот кандидат за претседател на Германија Јоахим Гаук во неделата во Берлин и додаде дека тоа е посебен ден за него.

Но, најважно од се’ за него ќе биде „луѓето во оваа земја повторно да научат дека живееме во добра земја, која може да ја сакаат“, дополни претседателскиот кандидат Јоахим Гаук на прес-конференција во Берлин. На луѓето тој сака да им ја повреди довербата  во нивните сопствени сили за надминување на кризи и да ги зајакне оние кои ќе преземат одговорност.

Шефовите на петте политички партии, ЦДУ и сестринската ЦСУ и коалицониот партнер Либералите, заедно со шефот на социјалдеморатите и претседателите на Партијата на зелените во Берлин на прес-конференција ја објавија номинацијата на Јоахим Гаук за иден претседател на Германија. Канцеларката Ангела Меркел од своја страна истакна дека борецот за човекови права во поранешнатат ГДР е „вистински учител за демократија“, кој до денес ја води „борбата против заборавот“. Според зборовите на шефот на опозиционите социјалдемократи, Зигмар Габриел, теологот знае како да ја поврати довербата на граѓаните. И вицеканцеларот Филип Реслер е уверен дека претседателскиот кандидат Јоахим Гаук  може да ја поврати „загубената доверба и достоинство“ на претседателската функција. Шефот на ЦСУ Хорс Зехофер увери дека Гаук ја има довербата на неговата партија и на Баварците. Додека за Клуадија Рот од Партијата на зелените, кандидатурата на Гаук е историски момент.

На номинацијата на Јоахим Гаук и‘ претходеа тридневни интензивни политички преговори во Берлин, при кои, според германските медиуми, дошло и до сериозен судир меѓу партиите во владејачката коалиција. Имено, претседателството на помалиот партнер во владата на Меркел, либералите, во телефонска конференција одлучи да го поддржи Јоахим Гаук, кого го предложија социјалдемократите и Партијата на зелените, додека партиите на Унијата, Христијанските демократи на Меркел и сестринската Христијанско-социјална унија и натаму беа против кандидатот Гаук.

Унијата го фаворизираше  поранешниот министер за животна средина Клаус Тепфер, како и поранешниот претседател на Советот на евангелистичката црква на Германија, Волфганг Хубер. Овие кандидати меѓутоа не беа прифатливи за либералите.

Канцеларката Меркел за да спречи натамошна ескалација, се согласи на заедничка номинација на Јоахим Гаук, а партитие на Унијата ги повлекоа своите задршки.

Јаохим Гаук беше кандидат за претседател уште летото 2010-та година. Тогаш го номинираа само Социјалдемократите и Партијата на зелените и во третиот изборен циклус загуби од тогашниот кандидат на владината коалиција, екс-претседателот Кристијан Вулф. Идниот германски претседател треба да биде избран најдоцна на 18-ти март. Изборот на претседателот го врши т.н. Сојузно собрание, тело во кое членуваат сите пратеници во Бундестагот и претставници на сите германски сојузни покраини. (Дојче веле)



Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар



ФОН бара правично рангирање на универзитетите
Сестра го избодела брата си со нож
Трошоците за живот во јануари повисоки за 1,2 отсто
Одложени преговорите меѓу Приштина и Белград
Реакции во Грција на договорот за новиот пакет-помош
Од март до аеродромот „Александар Велики“ со автобус
Косовски војници ќе се обучуваат на македонските полигони
Од утре треба се врати уличното осветлување
ТАВ најави нови авиолинии, бара поддршка од државата
Иванов - Македонија е пример за изучување на јазиците на заедниците
Дури за три недели одлука за „Чебрен и „Галиште“
Тетовец фатен во Италија со 280 кг марихуана
Македонија долго чека на отворање на преговорите
Јеменците на избори против Салех
Богородичната црква во Париз ги менува камбаните
Mинистерoт за одбрана Бесими во посета на Косово
Четиринаесет повредени во судар на два трамваја во Белград
Доминик Строс-Кан притворен во Лил
Пападимос - Кредитниот договор да биде разгледан од парламентот до 15 март
Да се искористи дијалогот на високо ниво
Евроминистрите повторно ја спасија Грција од банкрот
Табличките со прекари хит уште првиот ден
Рамковски - Осуден сум уште пред да ми пресудат
Ристовски - Барањата на работодавачите ќе бидат разгледани
Околу 46 отсто невработени на возраст од 15 до 29 години
Околу 70.000 патници се превезени на аеродромите во јануари
„Гугл“ обвинет за шпионажа
Нимиц се воздржа од изјави по средбата со Попоски
Јеремиќ - Уганда не го призна Косово
Шведска привлечна за Европејците во време на кризата
Индискиот град Колката ќе се претвори во син град
Нови прописи за органско вино во ЕУ
Повторно штрајк на франкфуртскиот аеродром
Започна карневалот во Рио де Жанеиро
Три лица загинаа во лавина во САД
Еврозоната ќе расправа за помошта за Грција
Почнува издавањето на нови регистарски таблички
Нимиц во Скопје на разговори со македонскиот државен врв
Презентирана програмата за јубилејот „20 години АРМ“
Германците го поддржуваат Јоахим Гаук за претседател
Од утре со нови регистарски таблички налик на европските
Откриени крадците во „Кам маркет“
Претседателот Иванов во Истанбул
Османи - Политичарите кокетираат со меѓуетничките тензии
Сончево и потопло време со температура до 12. степен
Уганда го призна Косово како независна држава
Професор натепал ученици на голем одмор
Премиерот се надева на суштинска средба во Атина
Груевски најави изградба на нов Клинички центар
Се шири листата на осомничени за „Калдрма“
Македонија останува конструктивна во разговорите за името
(ОБНОВЕНО) Два куршума испукани врз телевизија Алфа
Ограбен Археолошкиот музеј во Древна Олимпија
Македонците во Албанија на средба со ОБСЕ
САД повлекуваат од Европа повеќе од 11.000 војници
Евакуација на болно момче од Малино со хеликоптер
Нов бран македонски азиланти во Швајцарија
Дописник на „Њујорк Тајмс“ умре во Сирија
Пад на профитот на банката „Сосиете Женерал“
Зголемена платата на битолскиот градоначалник
Јабланица се поврза со останaтиот свет
Германскиот претседател поднесе оставка
(ВИДЕО) Повторно запалено македонското знаме во Приштина
Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица
Kоординација кај Иванов во пресрет на посетата на Нимиц

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Вторник
Грмотевици со дожд
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |