19.02.2012, 11:11 Османи: Политичарите кокетираат со меѓуетничките тензии
Ако политичарите не кокетираат во негативна смисла со разгорување на тие страсти, народот може спокојно да живее, вели лидерот на НДП и градоначалник на Гостивар, Руфи Османи во неделното интервју за Радио Слободна Европа
Во Македонија има традиција на меѓусебно разбирање и почитување меѓу различните ентички заедници. Таа традиција што ја практикува народот, ние политичарите треба само да ја примениме во пракса.
Ако политичарите не кокетираат во негативна смисла со разгорување на тие страсти, народот може спокојно да живее, вели лидерот на НДП и градоначалник на Гостивар, Руфи Османи во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Според Османи, соработката со партијата на Тачи имала за цел да се дојде до една квалитетна соработка во целата албанска опозиција.
- Освен НДП и ДПА кои заедно имаат некаде околу 90 и нешто илјади гласови, заедно со другите вонпарламентарни албански политички партии сите заедно доаѓаме до бројка која е поголема за над 15 илјади гласови во однос на ДУИ. Ние пристапивме коректно кон оваа иницијатива која беше од страна на ДПА, понудивме соработка на повеќе нивоа, на локално ниво, на политичко ниво, на парламентарно ниво и едноставно од ДПА без некој аргумент укажаа дека не се веќе заинтересирани за таквата соработка, земајќи ја како предтекст мојата средба со господинот Заев, а пред тоа неинформирајќи ја јавноста дека токму господинот Заев бил во посета на општина Тетово. Претходната година градоначалникот на општина Тетово ја возвратил таа посета, истовремено господинот Аце Коцевски, висок функционер на СДСМ повеќе години, бил советник на господинот Беџети и мислам дека таквата постапка е во спротивност на целите на опозицијата да се здружат сите сили, опозициониот блок да стане појак во однос на ДУИ и така значи да има реални шанси да ја победи ДУИ на наредните локални избори. Независно од овој момент, ние остануваме отворени за соработка и во перспектива, не само со ДПА, туку и со другите опозициски партии кои не успеаа да добијат мандати на претходните избори, вели Османи.
Нашите размислувања одат во насока да се окрупни опозициониот блок, од програмска и од политичка гледна точка, бидејќи во целина ние не се согласуваме со политиките за кои ДУИ дава виза како дел од актуелната власт, како на локално така и на централно ниво, вели Османи околу евентуалното ново окрупнување во албанскиот блок, вели лидерот на НДП и градоначалник на Гостивар, Руфи Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа
|