19.02.2012, 21:18 Германците го поддржуваат Јоахим Гаук за претседател
Според анкетата Гаук е поддржан од 54 проценти од Германците, иако тој самиот не најавил дека планира да се кандидира
Поранешниот источноевропски активист Јоахим Гаук, чија кандидатура за претседател беше отфрлена од канцеларката Ангела Меркел пред две години е фаворит за функцијата шеф на државата, која е испразнета по оставката на Кристијан Вулф, покажуваат резултатите од анкетата, објавена во весникот „Билд ам зонтаг“. Според анкетата Гаук е поддржан од 54 проценти од Германците, иако тој самиот не најавил дека планира да се кандидира.
Седумдесет и две годишниот активист за заштита на човековите права беше активна опозициска фигура во комунистичкиот режим на Источна Германија и тој не е поврзан со ниту една од главните политички партии во земјата. Меркел денеска се состана со членовите на владејачката коалиција, со кои разговараше за прашањето за пронаоѓање на кандидат за претседател. По оставката на Вулф во петокот таа изјави дека ќе бара кандидат за кој ќе биде постигнат договор со опозицијата. Опозициската Германска социјал-демократска партија соопшти вчера дека го поддржува Гаук, но нагласи оти е отворена и за други предлози. Парламентот за новиот претседател треба да гласа до 18 март.
|