19.02.2012, 18:17 Откриени крадците во „Кам маркет“
Со пријава за сторени разбојништво и разбојништво во обид полицијата ги осомничи лицата М.Е.(24), К.А.(22) и А.Б.(28), сите од Скопје, за дела кои ги сториле врз вработени во „Кам маркет“. Станува збор за разбојнштва извршени меѓу 23 април минатата година до 13 овој месец, при што била остварена противправна имотна корист од 672.878 денари.
Истражен судија на М.Е. веќе му одредил притвор во траење од 30 дена, а на другите двајца притворот им е одреден во нивно отсуство. Првото разбојништво било извршено на 23 април 2011 година, во продавницата на „Кам маркет“ во населбата М.А.Ченто, а разбојниците во истатата продавница влегле и на 16 септември минатата година. И третото разбојништво осомничените го извршиле во истата продавница.
Инаку, при бегање, М.Е. во празна просторија до маркет „Тедико“, на улица „Маџари“, ја фрлил својата зимска јакна во која била неговата лична карта, здравствената легитимација и сноп со три клуча. Фрлените предмети биле пронајдени од полицијата, а припадници на единцата „Алфа“ го лоцирале и осомничениот, по што биле идентификувани и другите припадници на групата. Полицијата со налог извршила претрес во домовите на сите тројца и притоа била пронајдена дел од опремата која ја користеле при извршувањето на делата. (Љ.С.) |