17.02.2012, 13:47 Македонците во Албанија на средба со ОБСЕ
Членови на Македонска алијанса за европска интеграција, во Корча имаше средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Албанија.
На средбата станало збор за положбата на Македонците и нивните права во Албанија, при што било изнесено барањето за признавање на македонското малцинство и во областите Голо Брдо и Гора, како и на целата територија на земјата, и право да се образуваат на мајчин македонски јазик.
Претставниците на ОБСЕ биле запознати и со Декларацијата на општина Пустрец во која се искажува протест во врска со одлуката на Уставниот суд на Албанија за бришење на терминот националност од матичната евиденција, барањето тоа веднаш да се корегира, а биле повторени и веќе познатите ставови за пописот на населениото спроведен во Албанија во октомври 2011 и непризнавањето на пописните резултати од страна на сите малцинства.
Македонците побарала ОБСЕ да се заложи кај албанските власти кои во договор со македонските би дозволиле за кус период привремено да се пушти во употреба граничниот премин Џепиште-Требиште кај Дебар, за да можат Македонците од областа Голо Брдо да доаѓаат на лекување и набавка на потребни продукти во Дебар, за што добиле ветување дека тоа ќе го стореле најбрзо што можат. Областа Голо Брдо речиси ден месец е целосно блокирана од големи снежни наноси
|