Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
17.02.2012, 13:05
Чикаго и без Роуз подобар од Селтикс



Индијана го порази Њу Џерси со 93:88 прекинувајќи ја серијата од пет порази, благодарение на Дени Грејџер кој постигна 32 поени

Карлос Бузер со 23 поени и 15 скока и Луол Денг со учинок од 23 коша и 10 асистенции беа движечката сила на Чикаго во победата над Бостон од 89:80. На овој двоец им се приклучи Жоаким Ноа кој натпреварот го заврши со 15 поени и 16 скока.

Првата звезда на Чикаго, минатосезонскиот МВП, во регуларниот дел од сезоната, Дерик Роуз, натпреварот го преседе на клупата.

Кај Бостон, Кевин Гарнет имаше учинок од 18 поени и 10 скока, додека Режон Рондо запиша 17 поени и 8 асистенции.

Победа над домашен терен од 93:88, против Њу Џерси, забележа Индијана. Дени Гренџер со 32 поени и Рој Хиберт кој заврши со 13 поени и 11 скока, беа најзаслужни за 18-та победа на Пејсерси во новата сезона. Њу Џерси, кој сезонава игра исклучително лошо, во поразот, го предводеше Дерон Вилијамс со 29 поени.

ЛА Клиперси, во натпревар, во кој беа постигнати само 145 поени, забележаа победа во Портланд, 71:74. „Ол стар“ крилото Блејк Грифин имаше двоен ефект од 21 поен и 14 скока, додека во редовите на Портланд Николас Батум и Џамал Крофорд постигнаа по 19 поени.

Статијата е прочитана 329 пати.

Испрати коментар



Ракометната федерација на Косово жали за инцидентот со македонското знаме
Фергусон го гледа Гигс како негов наследник
Македонија стартува против Ангола на 2. јули
Гус Хидинк ќе биде нов тренер на Анжи
Гигантите од Манчестер со победи во Лигата на Европа
Металург без проблеми против Металопластика

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -9°C

Недела
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |