17.02.2012, 12:46 Нов бран македонски азиланти во Швајцарија
Во текот на јануари 2012 година во Швајцарија е забележан пораст на барателите на азил за 4,6 проценти во споредба со декември 2011 година. Имено во јануари барање за азил поднеле 2653 лица, додека во декември 1235, според статистиките на Федералнотот биро за миграции.
Повеќе барања за азил во текот на еден месец биле поднесен само во октомври 2002 година, кога азил побарале 3064 лица.
Во јануари најголем број од подносителите на барања за азил биле од Еритреја 370 барања, од Србија 315 барања и од Тунис 249 барања.
Во втората група според бројноста на баратели на азил е Нигерија со 186 барања, Македонија со 145 барања и Сирија 123 барања.
За споредба во текот на декември во Швајцарија барање за азил поднеле 106 македонски државјани.
Според податоците на федералното биро за миграција, во текот на минатата година биле поднесени 22551 барање за азил, што претставуваше зголемување за околу 45 проценти во однос на 2010 година.
|