17.02.2012, 12:59 Гус Хидинк ќе биде нов тренер на Анжи
Според шпекулациите на медиумите од Холандија и Русија, тој годишно ќе заработува по 10 милиони евра, а договорот кој тој го потпишал е со траење од година и пол
Холандскиот тренер Гус Хидинк постигна договор во следните 18 месеци да ја предводи екипата на Анжи од Махачкала. Во работата на искусниот стратег ќе му помагаат Жељко Петровиќ и Тон де Шатинер.
Хидинк на клупата на амбициозниот тим од Махачкала ќе го наследи Јури Красножан, кој на почетокот на неделата поднесе оставка.
Според шпекулациите на медиумите од Холандија и Русија, тој годишно ќе заработува по 10 милиони евра, а договорот кој тој го потпишал е со траење од година и пол.
Холандскиот тренер, по оставката на селекторската позиција во репрезентацијата на Турција, беше без работа од ноември минатата година. Хидинк замина од Турција, откако не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство.
Екипата на Анжи од Махачкала, чии сопственик е милијардерот Сулејман Керимов, во руското првенство се наоѓа на седмото место на табелата. Членови на Анжи, меѓу другите се Самуел Ето, Јуриј Жирков, Роберто Карлос и Мбарак Бусафа.
Гус Хидинк зад себе има богата тренерска кариера, тој бил предводник на Челзи, Реал Мадрид, ПСВ Ајндховен, Бетис, Валенсија, Фенербахче, Јужна Кореја, Русија и Холандија.
|