17.02.2012, 11:38 Јабланица се поврза со останaтиот свет
Екипи на „Македонија пат“, на Дирекцијата за заштита и спасување и со локална припомош, после целоноќна работа, утрово ги пробија снежните наноси
Струшкото село Јабланица, после речиси двонеделна блокада, конечно е поврзано со останатиот свет, откако екипи на „Македонија пат“, на Дирекцијата за заштита и спасување и со локална припомош, после целоноќна работа, утрово ги пробија снежните намети, известува „Инпрес“.
- Сега можеме да бидеме мирни, изјави д-р Боро Будиноски, лекар во подрачната амбуланта во Јабланица. Редовно се врши дотур на храна и лекови, ако има потреба потешко болните сега лесно ќе ги транспортираме до Општата болница во Струга.
Завчеравечер, потешко болен 34-годишен жител на Јабланица, до Струга беше транспортиран со хелихоптер на МВР, додека претходно 87. годишна старица, беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, како последица од премрзнување.
Од „Македонија пат“, потврдија дека патот конечнои бил пробиен, за што тие употребиле специјализирана снегочистачка со цилиндер, која ја исфрлува стопената вода. Мегутоа, без помошта на Подрачното одделение од Охрид, на Дирекцијата за заштита и спасување, успехот бил неизвесен, затоа што и нивната екипа била заглавена на непристапен терен, веднаш после селото Бороец. Во акцијата со една машина се вклучило и локалното претпријатие „Бо - Коп“ од Бороец, додека Дирекцијата ја ангажирла приватната фирма „Павле-транс“ од Подмолје која ја поседува потребната механизација за вакви зафати.
|