Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Економија
17.02.2012, 18:12

Сакам да орочам - 20.000 марки?

Вакво барање еден скопјанец неодамна изразил до една од банките што работат во земјава, што предизвикало вистински шок кај банкарите

Нина Нинеска-Фиданоска

„Добар ден, сакам да орочам нешто пари во вашата банка“, вели еден постар господин, влегувајќи во филијалата на една од банките што работат во земјава. „Нема проблем“, љубезно одговара службеничката и сосема логично прашува во која валута ќе бидат депонирани средствата. „Па имам околу 20.000 марки“, смирено го најавува потенцијалниот штедач карактерот на својот влог. „Ама ве молам, мора да сте погрешиле, па марките не се користат веќе десет години“, безмалку шокирано реагира банкарската работничка, надевајќи се длабоко во себе дека дошло до „мало“ недоразбирање со клиентот, веројатно поради неговите години.

Но, воопшто не станувало збор за грешка. Многу брзо се покажало дека човекот навистина имал солидна сума од „старата добра“ поранешна германска валута, која ја носел со себе и им ја покажал на банкарите што во тој момент биле присутни во филијалата. Тогаш се јавило сомневање дека можеби се работи за фалсификат, но откако се извршиле сите неопходни проверки, заклучокот бил оти парите се вистинити, односно оригинални германски марки.

Го прашале човекот зошто досега ги чувал парите и не ги разменил навреме за евра, кога медиумите во тоа време беа преполни со информации и со препораки за граѓаните како да ги сменат своите заштеди тогаш изразени во марки, во новата заедничка европска валута. Тој одговорил дека со нив располага од поодамна и дека ете, токму сега одлучил дека сака да ги орочи.

За ваквата приказна која допре до „Утрински весник“ нашите извори велат дека е целосно вистинита. Според нив, кога банкарите го преживеале првичниот шок, се вжештиле линиите низ банкарските канали. Се воспоставиле контакти и со банкарски институции во Германија, со цел да се договорат натамошните постапки.

Од Народна банка на Македонија велат дека до нив не дошла информација за таков случај. Од таму претпоставуваат дека станува збор за шпекулација.

Сепак, монетарните власти објаснуваат дека нашите банки и досега, а и во иднина ќе продолжат да вршат замена на германските марки за евра. Тоа влегува во рамките на услугите што ги нудат, и затоа им излегуваат во пресрет на клиентите, кога и да го побараат тоа од нив.

Замената се врши според фиксингот кој беше установен пред десет години кога се воведуваше еврото, односно околу две марки за едно евро. Сепак, за оваа своја услуга банките наплатуваат провизија, што е потребно за покривање на нивните трошоци.

„Нашите банки ги менуваат марките во евра. Граѓанинот кој се' уште има марки може да се обрати до некоја деловна банка и да побара тие да бидат заменети во евра. Нашите деловни банки имаат кореспондентски банки во Германија, кои средствата ги даваат на Бундес банк (германската централна банка), а тие оттаму на Европската централна банка. Потоа кореспондентската банка во Германија на нашата банка и' испраќа евра во сума соодветна на германските марки што треба да се заменат. Се разбира, за тоа банките наплаќаат одреден процент провизија, заради трошоците за оваа услуга“, објаснуваат од Народна банка на Македонија.

Според информации од банките, во некои банки за извршената услуга се наплатува 5 проценти од износот што се менува.

Фиксингот кој и сега се применува, а кој важеше и пред десет години при размената, е 1,9553 германски марки за едно евро, или практично за две марки се добива едно евро.

Се разбира, доколку сака клиентот, еврата може веднаш да ги депонира како штеден влог во банката.

И дел од банките со кои контактиравме потврдуваат дека кај нив е достапна оваа услуга.

Во Комерцијална банка велат дека кај нив промената се врши без проблем. „Промената на германски марки во евра во банката се врши без никаков проблем. Во изминатите години континуирано имаме клиенти кои ја бараат оваа услуга, а банката без никакво ограничување ја овозможува. При извршување на ваква трансакција се врши откуп на германските марки, со истовремена продажба на евра, според утврдениот паритет на курсевите на двете валути. За извршената услуга се наплатува 5 отсто од износот кој се менува. Во моментов, германските марки се откупуваат по курс од 31,4446 денари, а еврата се продаваат по курс од 61,5004 денари. Соодносот е приближно ист како и пред десетина години, кога се вршеше замената, односно за 100 германски марки клиентот ќе добие 51,13 евра“, вели д-р Маја Стевкова-Штериева, главен финансиски директор во Комерцијална банка.

Услугата е достапна и во Стопанска банка.

„Стопанска банка, како најголема банка и банка лидер н�� пазарот во Македонија, досега има вршено и ќе врши замена на германски марки во евра според условите предвидени во банката. Инаку, Стопанска банка врши откуп само на германски марки (други стари валути не) според фиксингот од пред десет години“, ни објаснија од оваа банка.

Она што е интересно, е дека германската централна банка се обврза и во иднина, во неограничен период, да ги менува германските марки во евра.

За разлика од германската марка, во петокот минатата недела францускиот франк, дефинитивно, замина во историјата. Французите и сите оние кои ги поседуваат последните банкноти француски франци пред неколку дена беа известени дека нив можат да ги заменат во евра најдоцна до 17 февруари оваа година. Потоа, овие банкноти нема да имаат никаква номинална вредност, освен за нумизматичарите.


Статијата е прочитана 6315 пати.

Испрати коментар



Европската криза најсилно ќе не' удри в година
Бројки
Стопирана постапката за Топилница
Францускиот франк замина во историјата
Најскапи фри-шоповите во Прага, а најевтини во Лондон



Silvester, Sidnej, 18.02.2012 07:37:16
Covekot trebalo da poceka uste nekoj mesec ili godina. Togas ke nema potreba od promena na valutata. Neznam sto se cudite. Ili ne pratite ? Jas znam deka ste preokupirani so turskite drami, no vie bi trebalo da ste bankari, i treba da dzirnete vo denesniot svet.
Da se vrati markata, 18.02.2012 13:00:14
Ne e bitno kolku e tochna sluchkata, bitnoto e kolku e vredna markata i germasnskoto stopanstvo. E toa e drzava! I da ne e ona, evroto i EU odamna ce propadnea. A grkot navredlivo i ultimativno ce prashuva koj e toj Shojble, namesto da bide blagodaren. E toa e toj, Dojchmark, gospodine Uzo.
od jordan, 19.02.2012 10:03:09
COVEKOT DOBRO GI PRASAL DALI MOZI DA UROCI GERMANSKI MARKI A NE DA GI ZAMENI ZA EVRA TOJ DOBRO RAZMISLIL DEKA ZA SKORO VREME PAK CE SE VRATI MARKATA

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |