20.02.2012, 12:22 Четири гола на Кире Лазаров со Берлин
Атлетико Мадрид славеше на домашен терен против Фиксе Берлин (32:27) во деветтото коло од групата Б
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров постигна четири гола за Атлетико Мадрид во победата од 32:27 на домашен терен против Фиксе Берлин во деветтото коло од групата Б од Лигата на шампионите. Капитенот на македонската репрезентација на коло до крајот од групната фаза е четврти на листата на стрелците со 59 гола.
Словакот Франтишек Шулц од Пик Сегед и понатаму е во водство со 65 погодока, пред Данецот Микел Хансен од Копенхаген со 62 и Хрватот Златко Хорват од Кроација осигурање Загреб со 61. Наумче Мојсоски од Металург, кој беше водечки голгетер во ЛШ по првите шест кола, сега е шести со 56 гола. Најблиску до него од соиграчите е Црногорецот Жарко Марковиќ, кој со осумте гола против Висла сега има вкупно 43 и го дели 20 место.
Натпреварот Атлетико Мадрид - Фиксе Берлин го водеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, чиј што татко Драган Начевски беше делегат на средбата Монпелје - Копенхаген. (Р.Д.)
|