Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.02.2012, 18:56

Арсенал по вторпат понижен за четири дена

По дебаклот на „Сан Сиро“ од Милан со 4:0 „топчиите“ елиминирани во ФА-купот по поразот од Сандерленд со 2:0

Второ понижување на Арсенал во само четири дена. По дебаклот на „Сан Сиро“ од Милан (4:0) во Лигата на шампионите „топчиите“ загубија и од Сандерленд со 2:0 и се простија со настапите во англискиот ФА-куп во осминафиналето, а со тоа и со надежите дека можат да стигнат барем до еден трофеј во оваа сезона. Ричардсон погоди во 40. минута, а судбината на гостите од Лондон ја запечати Чемберлејн со автоголот во 78. минута.

Еден од најжестоките критичари за играта на Арсенал и тренерот Арсен Венгер е Рој Кин, 40-годишниот ирски фудбалер, некогашна ѕвезда на Манчестер јунајатед и поранешен менаџер токму на Сандерленд.

„Ужас. Ова е најлошиот Арсенал што некогаш сум го видел. Долго време гледам фудбал, но така лош Арсенал навистина не сум видел“, рече Кин за Ај-Ти-Ви и притоа не заборави повторно да ги коментира модните детали на играчите велејќи дека ќе им ги отстрани „сите ракавици, шалови...“ доколку би им бил тренер.

„Во таа игра нема ништо во ��окусот. Ниту во додавања, ниту во акции, ниту во одбраната“, заврши Кин.

Но, тој не е единствениот кој смета дека Арсенал е очаен во оваа сезона. Со него се согласуваат и голем дел од навивачите кои преку разни форуми ја оценија како срамна играта на трофејниот клуб. Некои од нив го предложија и она што на многумина им е во глава, но не беа подготвени јавно да го кажат, а тоа е: „Ти благодариме за се'! Но, Арсен, време е да заминеш“.

Изненадување приреди второлигашот Бирмингам, чии фудбалери се изборија за реванш со фаворитот Челзи по ремито (1:1) на „Стемфорд бриџ“. Гостите поведоа во 20. минута со голот на Марфи, стрелец за „сините“ беше Стариџ во 62. минута.

Евертон се пласира во четвртфиналето во ФА-купот по триумфот на домашен терен над Блекпул, член на Чемпионшип лигата, со 2:0. Победникот беше решен во воведните шест минути, Дренте реализира во 1. минута, Стракалурси во 6. минута.

Меѓу најдобрите осум во ова натпреварување викендот се пласираа и Болтон и Лестер. Составот од стадионот „Рибок“ славеше кај Милвол со 2:0, второлигашот, пак, како гостин го изненади Норич со 2:1.

Резултати од саботните мечеви во ФА-купот: Сандерленд - Арсенал 2:0, Челзи - Бирмингам 1:1, Евертон - Блекпул 2:0, Милвол - Болтон 0:2, Норич - Лестер 1:2.


Статијата е прочитана 367 пати.

Испрати коментар



Биелса кандидат за наследник на Вилјаш-Боаш
Шумахер гладен за нови битки
Бетис ја продолжи мизеријата на Сарагоса
Дерон Вилијамс му го украде шоуто на Лин
Мекејлеб со Монтепаски најдобар во Купот на Италија
Четири гола на Кире Лазаров со Берлин
Ванчо Димовски во најдобрата седморка на колото во ЛШ
Шампионот падна во Њујорк, Дурант броеше до 51
Ливерпул го торпедираше Брајтон во ФА Купот
Меси со четири гола го прослави 200. настап во дресот на Барса
Металург триумфира на гости против Висла
Хиршер на минус 18 од Костелиќ
Кличко го одбрани ВБЦ-престолот
„Група на смртта“ за ватерполистите во Едмонтон
Ракометната федерација на Косово жали за инцидентот со македонското знаме
Фергусон го гледа Гигс како негов наследник
Македонија стартува против Ангола на 2. јули
Чикаго и без Роуз подобар од Селтикс
Гус Хидинк ќе биде нов тренер на Анжи
Гигантите од Манчестер со победи во Лигата на Европа
Металург без проблеми против Металопластика

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -3°C

Магла

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |