19.02.2012, 20:28 Металург триумфира на гости против Висла
Македонскиот првак Металург постигна победа од 24:20 на гостувањето кај Висла во Плоцк во натпревар од 9.коло од Ц групата
Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба, а на крајот Металург имаше повеќе расположени поединци и сосема заслужено ја постигна петтата победа во групата.
Со овој триумф екипата од Автокоманда ги задржа шансите за втрото место во групата. Најефикасни кај Металург беа Жарко Марковиќ со 8 голови и Миладин Козлина со 7. Голманот Дарко Станиќ имаше 20 одбрани.
По девет одиграни натпревари во Ц групата води Хамбург со 17 бодови, Металург е втор со 12, Копер има 11, Висла 7, Санкт Петербург 5, а последна е Констанца со 2.
Во последното 10.коло од групата на 26.февруари Металург во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја пречекува германската екипа Хамбург.
|