Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
20.02.2012, 11:11
Шампионот падна во Њујорк, Дурант броеше до 51



Никси предводени од Лин го совладаа Далас (104:97), Оклахома во дербито на Западот го победи Денвер со 124:118

Њујорк во дербито во НБА лигата забележа победа над актуелниот првак Далас од 104:97. Никси до победата ги предводеше новата звезда, Џереми Лин, кој постигна 28 поени на кои придодаде, рекордни во кариерата 14 асистенции. Актуелниот првак го предводеше Дирк Новицки со 34 поени. Њујорчани и без првата звезда Кармело Ентони ја продолжи успешната серија и ја оствари осмата победа на последните девет натпревари.

Најдобриот тим во лигата, Оклахома, во дербито на западот го победи Денвер со 124:118. Натпреварот мина во знакот на Кевин Дурант и Расел Вестрбрук кои постигнаа 75 отсто од поените на Оклахома. Дурент постигна 51, а Вестбрук 40 поени, додека кај Денвер најефикасни беа Арон Афлао со 27 и Андре Милер со 21 поен. Извонредна партија кај Оклахома, пружи и Серж Ибака, кој оствари „трипл-дабл“ од 14 поени, 15 скока и 11 блокади.

Минесота со поените од линијата за слободни фрлања, кои ги постигна Кевин Лав, забележа минимална победа над Филаделфија од 92:91. Лав мечот го заврши со 20 поени и 15 скока, неговиот партнер во центарската линија Никола Пековиќ имаше учинок од 17 поени и 9 скока, додека најефикасен кај победникот беше Рики Рубио со 22 поени.

Дербито на Флорида му припадна на Мајами, кој предводен од 27-те поени на Двејн Вејд, забележа победа над Орландо од 90:78. Леброн Џејмс уфрли 25 поени, на кои придодаде 11 скока и 8 асистенции, додека кај Орландо најпрецизен беше Џеј Џеј Редик со 17 поени.

ЛА Лејкерс против Феникс го запишаа 13-от пораз сезонава, домашниот тим победи со 102:90, а најефикасни беа Жеред Дадли со 25 и Марцин Гортат со 21 поен и 15 скока. Вообичаено кај Лејкерси најпрецизен беше Коби Брајант со 32 поени. Резултати од останатите натпревари:

Резултати: Детроит-Бостон 96:81, Кливленд-Сакраменто 93:92, Индијана-Шарлот 108:73, Њу Џерси-Милвоки 85:92, Хјустон-Јута 101:85.


Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар



Биелса кандидат за наследник на Вилјаш-Боаш
Шумахер гладен за нови битки
Бетис ја продолжи мизеријата на Сарагоса
Дерон Вилијамс му го украде шоуто на Лин
Мекејлеб со Монтепаски најдобар во Купот на Италија
Четири гола на Кире Лазаров со Берлин
Ванчо Димовски во најдобрата седморка на колото во ЛШ
Ливерпул го торпедираше Брајтон во ФА Купот
Меси со четири гола го прослави 200. настап во дресот на Барса
Металург триумфира на гости против Висла
Хиршер на минус 18 од Костелиќ
Кличко го одбрани ВБЦ-престолот
Арсенал по вторпат понижен за четири дена
„Група на смртта“ за ватерполистите во Едмонтон
Ракометната федерација на Косово жали за инцидентот со македонското знаме
Фергусон го гледа Гигс како негов наследник
Македонија стартува против Ангола на 2. јули
Чикаго и без Роуз подобар од Селтикс
Гус Хидинк ќе биде нов тренер на Анжи
Гигантите од Манчестер со победи во Лигата на Европа
Металург без проблеми против Металопластика

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |