Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.02.2012, 10:55

Евроминистрите повторно ја спасија Грција од банкрот



Министрите за финансии на државите од еврозоната усвоија втор пакет финансиска помош за Грција од 130 милијарди евра, по повеќе од 12 часа преговори во Брисел. На Грција и се потребни дополнителни средства за да избегне банкрот во март.

Во замена, Атина ќе преземе мерки за намалување на долгот на 120,5 отсто БДП до 2020 година. По пет последователни години на рецесија, грчкиот долг моментно е повеќе од 160 отсто од БДП.

Еврото веднаш зајакна за 0,7 отсто достигнувајќи вредност од 1.328 спрема доларот.

Договорот рано денеска го објави претседателот на групата министри за финансии на еврозоната Жан Клод Јункер. Тој рече дека со тоа се обезбедува „значително намалување на грчкиот долг“ и ќе обезбеди иднина за државата во еврозоната.

- Еврогрупата е во целост свесна за големите напори што граѓаните на Грција веќе ги поднесоа, изјави Јункер и додаде дека се неопходни „дополнителни и заеднички напори на грчкото општество“ за да економијата тргне по пат на одржлив развој.

Шефот на ММФ, Кристин Лагард која учествуваше во преговорите рече дека договорот и „обезбедува на Грција доволно простор за обнова на својата конкурентност“. Таа додаде дека ќе одржи дополнителни разговори со Грција на состанокот на УО на ММФ во втората недела од март.

Новиот договор значи дека приватните кредитори на Грција ќе мора да прифатат загуби од 53,5 отсто од вредноста на обврзниците што ги поседуваат.

Првиот пакет економска помош од 110 милијарди евра не беше доволен за да ја извлече државата од должничката криза.

Во коментар во врска со грчката должничка криза, британски Дејли телеграф наведува дека младите Грци во следните години ќе бидат жртви на строгите економски мерки кои беа побарани во замена за пакетото помош од ЕУ и ММФ.

„Грците силно стравуваат дека лебот, образованието и слободата ќе останат неосвоен копнеж во следните години. Невработеноста меѓу луѓето под 25 години веќе е 48 отсто и се зголеми за една третина од ноември 2010 година. Единствениот одговор за младите е да емигрираат. Најтажен показател е бројот на самоубиства во Грција - во 2008 година бил 2,8 на 100 илјади жители, а лани таа цифра била шест“, наведува Дејли телеграф.

Весникот коментира дека младите Грци не може да бидат виновни за кризата во државата.

„Но, што да кажеме за постарото поколение, кои гласале за корумпирана влада и обезбедувале работни места по роднински или политички принцип. Тоа поколение го почна студентскиот бунт во 1973 година, и донесе демократија. Сега може да се каже дека истото поколение ја урна државата“, коментира Дејли телеграф.

Од друга страна, Њујорк тајмс објавува договорот може да биде пресврт во европската должничка криза која го постави под знак прашање еврото и дека приватните кредитори ќе понесат најголем дел од очекуваните загуби.

„Во Еврозоната веќе се активни построги правила за долговите и буџетскиот дефицит, а политичарите се надеваат да дадат сигнал дека почнува крајот на кризата. Ова што се случи досега, покажува до кој степен Грција е слабото место во групата од 17 држави кои го користат еврото како заедничка валута“.

Вашингтон пост наведува дека одлуката за нов заем и дава време на Грција да ги реши тешките проблеми и да даде гаранции на светот дека банкротот и евентуалните последици од него се спречени, барем засега.

- Грчкиот народ ќе ги даде неопходните жртви за да може државата да обезбеди место во европското семејство, го цитира весникот Евангелос Венизелос, грчкиот министер за финансии.

Според Волстрит џурнал, многумина економисти сметаат дека долго ќе останат нерешени прашањата околу способноста на Грција да исплаќа за заемите.

Весникот ја цитира Кристин Лагард, шефот на ММФ која вели дека економскиот пакет за помош на Грција е многу амбициозен, но и тежок и носи ризици.

„Проблемот е дека грчката економија треба да стане поконкурентна со големо намалување на платите, и државата да го зголеми извозот со што економски ќе закрепне. Но, од друга страна намалувањето на платите ќе ја продлабочи дополнително рецесијата во Грција“, наведува весникот.










Статијата е прочитана 998 пати.

Испрати коментар



СДСМ - Граѓаните се доведени со грбот до ѕидот
АКТА пред Судот на ЕУ
Прекинат штрајкот на аеродромот Франкфурт
Во Бугарија отворена првата кинеска фабрика за автомобили
Брисел разочаран од разговорите на Нимиц во Скопје
Коњановски - Продолжува поддршката на проектите за агроенергија
Протести за палењето на Коранот го запалија и Кабул
(ВИДЕО) Снег смачка автомобил, возачот се спаси
Продолжен рокот за аплицирање за „Купи куќа, купи стан“
Од штедилница украдени милион денари
(ОБНОВЕНО) „Ќе ја чекаме и ќе ја бараме правдата“
„Гробарот“ Кими предаден на српските власти
Анита Алоска назначена за в.д. директор на „Охридско лето“
Во Сирија убиени двајца странски новинари
Нимиц во Атина ќе се сретне со Пападимос и Димас
Собранието го донесе Законот за здравствена заштита
Почнува судскиот процес за убиството на Јашари
Строс-Кан во притвор уште едно деноноќие
Карневалистите ги исмеаја политичарите
Нови протести во Грција против мерките за штедење
Нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина
Директорот Василески заминува од „Охридско лето"
ФОН бара правично рангирање на универзитетите
Сестра го избодела брата си со нож
Трошоците за живот во јануари повисоки за 1,2 отсто
Одложени преговорите меѓу Приштина и Белград
Реакции во Грција на договорот за новиот пакет-помош
Од март до аеродромот „Александар Велики“ со автобус
Косовски војници ќе се обучуваат на македонските полигони
Од утре треба се врати уличното осветлување
ТАВ најави нови авиолинии, бара поддршка од државата
Иванов - Македонија е пример за изучување на јазиците на заедниците
Дури за три недели одлука за „Чебрен и „Галиште“
Тетовец фатен во Италија со 280 кг марихуана
Македонија долго чека на отворање на преговорите
Јеменците на избори против Салех
Богородичната црква во Париз ги менува камбаните
Mинистерoт за одбрана Бесими во посета на Косово
Четиринаесет повредени во судар на два трамваја во Белград
Доминик Строс-Кан притворен во Лил
Пападимос - Кредитниот договор да биде разгледан од парламентот до 15 март
Да се искористи дијалогот на високо ниво
Табличките со прекари хит уште првиот ден
Рамковски - Осуден сум уште пред да ми пресудат
Ристовски - Барањата на работодавачите ќе бидат разгледани
Околу 46 отсто невработени на возраст од 15 до 29 години
Околу 70.000 патници се превезени на аеродромите во јануари
„Гугл“ обвинет за шпионажа
Нимиц се воздржа од изјави по средбата со Попоски
Јоаким Гаук ќе биде новиот германски претседател
Јеремиќ - Уганда не го призна Косово
Шведска привлечна за Европејците во време на кризата
Индискиот град Колката ќе се претвори во син град
Нови прописи за органско вино во ЕУ
Повторно штрајк на франкфуртскиот аеродром
Започна карневалот во Рио де Жанеиро
Три лица загинаа во лавина во САД
Еврозоната ќе расправа за помошта за Грција
Почнува издавањето на нови регистарски таблички
Нимиц во Скопје на разговори со македонскиот државен врв
Презентирана програмата за јубилејот „20 години АРМ“
Германците го поддржуваат Јоахим Гаук за претседател
Од утре со нови регистарски таблички налик на европските
Откриени крадците во „Кам маркет“
Претседателот Иванов во Истанбул
Османи - Политичарите кокетираат со меѓуетничките тензии
Сончево и потопло време со температура до 12. степен
Уганда го призна Косово како независна држава
Професор натепал ученици на голем одмор
Премиерот се надева на суштинска средба во Атина
Груевски најави изградба на нов Клинички центар
Се шири листата на осомничени за „Калдрма“
Македонија останува конструктивна во разговорите за името
(ОБНОВЕНО) Два куршума испукани врз телевизија Алфа
Ограбен Археолошкиот музеј во Древна Олимпија
Македонците во Албанија на средба со ОБСЕ
САД повлекуваат од Европа повеќе од 11.000 војници
Евакуација на болно момче од Малино со хеликоптер
Нов бран македонски азиланти во Швајцарија
Дописник на „Њујорк Тајмс“ умре во Сирија
Пад на профитот на банката „Сосиете Женерал“
Зголемена платата на битолскиот градоначалник
Јабланица се поврза со останaтиот свет
Германскиот претседател поднесе оставка
(ВИДЕО) Повторно запалено македонското знаме во Приштина
Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица
Kоординација кај Иванов во пресрет на посетата на Нимиц



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -5°C

Магла

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C

Петок
Ведро
Макс: 9°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |