Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.02.2012, 11:29
Германскиот претседател поднесе оставка



Кристијан Вулф беше осомничен е за корупција додека бил покраински премиер

По барањето на јавното обвинителство за укинување на неговиот имунитет, германскиот претседател Кристијан Вулф денеска поднесе оставка на функцијата.

На Германија и е потребен претседател „кој зад себе има не само мнозинство, туку широко мнозинство на граѓани“, рече Вулф во кусата изјава во Берлин, додавајќи дека развојот на настаните од изминатите денови и недели покажал дека довербата и со тоа неговите можности за делување се трајно нагризани. Што се однесува до обвинувањата на негова сметка, Вулф нагласи дека на своите функции постојано коректно се однесувал и дека извештаите во медиумите го повредиле и него и неговата сопруга.

Германската канцеларка Ангела Меркел за еден ден ја одложи денешната планирана посета на Рим и средбата со италијанскиот премиер Марио Монти. Меркел телефонски му ја соопштила ваквата одлука на Монти, пренесоа германските новински агенции, повикувајќи се на владини извори.

Меркел рече дека преговорите меѓу партиите за пронаоѓање заменик на Вулф набрзо ќе почнат. - Наскоро ќе почнат разговорите за брзо постигнување договор за нов претседател на државата, рече Меркел, дополнувајќи дека жали за заминувањето на Вулф и воедно му се заблагодари на претседателот во заминување. За него рече дека секогаш бил целосно посветен на работата и човек кој верувал дека „силата на Германија мора целосно да биде искористена“.

Од кругови на владејачката коалиција во земјата уште пред официјалното објавување на оставката за германските агенции беше пренесено дека партиските лидери на Христијанско-демократската Унија, Ангела Меркел, на Христијанско-социјалната Унија, Хорст Зехофер и на Либералната партија, Филип Реслер, денес во Берлин треба да одржат вонредна средба за да разговараат за новонастанатата ситуација. Притоа, се очекува да се зборува и за можен кандидат за наследник на Вулф. Важно е владејачката коалиција да го направи првиот предлог, беше кажано од кругови блиски на владината коалиција, кои уште истакнаа дека постои и подготвеност да се бара и заеднички кандидат со опозицијата.

Претходно и од опозицијата за првпат се слушнаа јасни гласови за оставка на претседателот, кој од ноември наваму е цел на критики во јавноста поради преблиски односи со бизнисмени од земјата.

Јавното обвинителство во Хановер денеска направи чекор без преседан во германската историја и побара укинување на неговиот имунитет, бидејќи, како што соопшти, постојат првични индиции за можна злоупотреба на функцијата. Барањето за укинување на имунитетот требаше да претставува прв чекор во насока на отворање официјална истрага за можна корупција. За укинување на имунитетот на Вулф треба да гласа Бундестагот. Доколку сојузниот германски парламент го прифати барањето на обвинителството, Вулф ќе стане првиот германски претседател во историјата кој се соочил со кривична истрага.





Статијата е прочитана 1178 пати.

Испрати коментар



Уганда го призна Косово како независна држава
Професор натепал ученици на голем одмор
Премиерот се надева на суштинска средба во Атина
Груевски најави изградба на нов Клинички центар
Се шири листата на осомничени за „Калдрма“
Македонија останува конструктивна во разговорите за името
(ОБНОВЕНО) Два куршума испукани врз телевизија Алфа
Ограбен Археолошкиот музеј во Древна Олимпија
Македонците во Албанија на средба со ОБСЕ
САД повлекуваат од Европа повеќе од 11.000 војници
Евакуација на болно момче од Малино со хеликоптер
Нов бран македонски азиланти во Швајцарија
Дописник на „Њујорк Тајмс“ умре во Сирија
Пад на профитот на банката „Сосиете Женерал“
Зголемена платата на битолскиот градоначалник
Јабланица се поврза со останaтиот свет
(ВИДЕО) Повторно запалено македонското знаме во Приштина
Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица
Kоординација кај Иванов во пресрет на посетата на Нимиц



pile, 17.02.2012 12:29:07
Dokaz za politickata moralnost i odgovornosta sprema sopstvenite gragjani, i demonstracija na Evropskite vrednosti, pretstavuva legitimniot poteg na Pretsedatelot na Germanija.Politicarite i nositeli na visoki funkcii od zemjite koi se stremat za clenstvo vo EU kako sto e R.Makedonija, samo mozje da ucat.Zapocnuvajki od Javnite obviniteli i SS na RM, kako da ja zajaknat institucijata Obvinitelstvo i SS, so molcenje ili so aktivizam koga znaat deka ima OP protiv Sudii, vraboteni vo drugi drzjavni organi za zloupotreba na sl.polozjba i ovlastuvanje, a istite oddat na rabota.pa duri i sudat predmeti.Ministerot za pravda na R.Makedonija,vakvite moralni doblesti ke dokazje deka gi sfatil poodamna so uspesnata ekstradicija na Dragan Daravelski i ispolnuvanje na samozadadeniot rok od 2 meseci, do prvi mart 2012 godina.
Istocna Makedonija, 17.02.2012 14:02:04
Imal barem doblest da podnese ostavka kako mo- ralen cin.Kaj nas,mislena imenka i fukcija!
demokrat, 17.02.2012 14:24:49
Pile, Ocigledno ne si gi sledel slucuvanjata i izjavite na Wulff po otkrivanjeto na aferite. Toj cvrsto stoese na stavot deka e dobar pretsedatel i deka nema namera da podnese ostavka. Sto treba sega da go velicime sto dal ZADOCNETA ostavka!?
NEVEN GNEVEN, 17.02.2012 16:29:53
Ete toa e politicar i covek koj go cuvstvuva narodot, a ne kako onaa ministerka Gordana koja se nema videno na ogledalo na sto lici, ama muva ne ja lazi.
koco amsterdam, 17.02.2012 17:00:47
E taka mu e koga saka da ima slobodni i nezavisni mediumi vo drzavata i da pravi alash-verash, ami uci od Grujo nash, prvo trebase da gi zamolci mediumite i ispoapsi gazdite, pa posle se drugo. Samo tamu e Germanija, malo morgen za alash-verash.
Marioec od Azija, 17.02.2012 17:45:29
Abre pilence koga ce proletas.Kakva moralna odgovornost,nego go rastrgnaa Istrazuvackite Novinari,i protiv istiot se vodat istrazni merki,za biznis interesi,ne za korupcija.Bil naodmor so negov dolgogodisen prijatel,kaj istio vo negova kuca i nema plateno preku fiskalna tuku tvrdi deka platil vo kes,normalno mozit i da platil,ama kako nositel na takva funkcija mora da znae deka mora da ima dokaz da platil i ima smetka za toa so platen porez.A seto pocna so zemanje pari nazaem i dobivanje na povolen kredit so niska kamata.Germanskite Novinari ne se od Vecer i Utrinski,poeti i seenje magla nego rabotat so dokazi i fakti.
fani od germanija, 17.02.2012 17:54:31
Dodeka vo Makedonija drzavata gi soboruva novinarite,vo Germanija novinarite go soboruvaat pretsedatelot...i toa za bagatelizam sto vo drugi zemji,osobeno na Balkanot nema ni da se spomne kako zloupotreba od strana na pretsedatelot.Mozebi,a mnogu se nadevam,nesto ke naucime kako se gradi demokratija i koi moralni vrednosti treba da gi imame za edna realna demokratija za celiot makedonski narod....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -9°C

Недела
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |