Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.02.2012, 10:17
Kоординација кај Иванов во пресрет на посетата на Нимиц



Кабинетот на претседателот соопшти дека координацијата е свикана во врска со текот на разговорите за надминување на спорот со Грција околу уставното име на Република Македонија.

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска напладне во претседателската вила „Водно“ закажа координација на државниот врв во пресрет на посетата на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој во понеделник ќе дојде во Скопје.

Кабинетот на претседателот на РМ соопшти дека координацијата е свикана во врска со текот на разговорите за надминување на спорот со Република Грција околу уставното име на Република Македонија, што се водат под покровителство на ОН.

На состанокот ќе присуствуваат претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, претседателот на Владата Никола Груевски, заменик-претседателот на Владата Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот и специјален пратеник во разговорите за името Зоран Јолевски.

Претседателот Иванов, најавувајќи ја средбата на државниот врв, во вторникот изјави дека Македонија има јасна позиција и е конструктуивна во процесот за решавање на прашањето за името, и очекува и од другата страна да види посветеност за да се дојде до решение.

- Позицијата на државата е јасна. Тоа што ние го правиме очекуваме да го видиме и од другата страна. Иако со оглед на ситуацијата во Грција не гледам некој кој со ист интензитет и иста посветеност како нас приоѓа на проблемот што тие го создадоа, рече Иванов при посетата на Демир Капија.

Посредникот Нимиц на 20-ти и 21 февруари ќе престојува во Македонија, а на 22-ри ќе ја посети Атина.













Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар



Уганда го призна Косово како независна држава
Професор натепал ученици на голем одмор
Премиерот се надева на суштинска средба во Атина
Груевски најави изградба на нов Клинички центар
Се шири листата на осомничени за „Калд��ма“
Македонија останува конструктивна во разговорите за името
(ОБНОВЕНО) Два куршума испукани врз телевизија Алфа
Ограбен Археолошкиот музеј во Древна Олимпија
Македонците во Албанија на средба со ОБСЕ
САД повлекуваат од Европа повеќе од 11.000 војници
Евакуација на болно момче од Малино со хеликоптер
Нов бран македонски азиланти во Швајцарија
Дописник на „Њујорк Тајмс“ умре во Сирија
Пад на профитот на банката „Сосиете Женерал“
Зголемена платата на битолскиот градоначалник
Јабланица се поврза со останaтиот свет
Германскиот претседател поднесе оставка
(ВИДЕО) Повторно запалено македонското знаме во Приштина
Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -9°C

Недела
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |