17.02.2012, 10:23 Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека поради големи снежни наноси, патниот правец Тетово – граничен премин Јажинце е затворен за сите видови на возила
Сообраќајот низ Македонија се одвива забавено по влажни коловози, наместа и со појава на голомразица поради ниските температури. Поотежнат е сообраќајот на повисоките места и планинските премини поради остатоци од недочистен и замрзнат снег и голомразица на коловозите.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека поради големи снежни наноси, патниот правец Тетово – граничен премин Јажинце е затворен за сите видови на возила, а забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патот крак Маврово - Дебар - Струга, додека на патниот правец Тетово - Попова Шапка сеуште има забрана за тешки товарни возила и автобуси.
На патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец екипите на Македонија пат работат на расчистување на коловозот.
Според Управата за хидрометеролошки работи, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, само во североисточните делови со услови за слаб локален снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус четири до четири степени. Во Скопје и околината сончево со умерена облачност и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до околу нула степени.
|