Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.02.2012, 18:10

Трајко Вељаноски со свита од 30 луѓе во Австралија

Собраниска делегација од триесетмина на чело со шефот на парламентот пакува куфери за далечниот континент

Претседателот на Собранието Трајко Велјановски со делегација од речиси триесетина парламентарци и членови на неговиот кабинет, од викендов, па наредните пет дена ќе престојуваат во Австралија. Тој и делегацијата ќе бидат гости на тамошниот парламент и притоа ќе остварат амбициозна агенда на средби и активности - од Канбера, Сиднеј до Мелбурн. Во делегацијата се наоѓаат претставници на сите главни политички партии, па во трошењето на државните пари ќе бидат сите еднакво одговорни.

Делегации од вакви масовни размери имаше и претходно, што предизвика чудење и реакции во иселеничките кругови, со оцена дека прошетките до Австралија, неопходни или не, станаа нормални од Македонија како патување до населбата Ѓорче Петров. Претходно многубројна делегација на најдалечниот континент предводеше и градоначалникот на Аеродром, а пред изборите во кои првпат беше вклучена дијаспората до Австралија отпатуваа и многу актуелни функционери од владејачката ВМРО-ДМПНЕ.

Посетата веќе изиритира некои од иселеничките кругови, но не поради масовноста на делегацијата, туку поради тоа што во неа е вклучен и Џевад Адеми како преставник на ДУИ, кого иселениците го паметат по неговите активности за време на војната во 2001 година. Според Ицо Најдовски, ниту една организација на македонската заедница нема да оствари средба со спикерот и делегацијата бидејќи е вклучен Адеми, кого го сметаат за одговорен за кршењето на најосновните човекови права. (Н.Р.)








Статијата е прочитана 2734 пати.

Испрати коментар



Иванов
Формални или неформални преговори за Македонија
Нимиц втора вест во Грција
Маглата од Мостар се' уште виси над Македонија
Убав живот само во владините реклами
ФОН бара правично рангирање
Кој ги заборави делата на Јаневски и Малески
Додека Нимиц не си заминал
Владата глува, лекарите ќе бараат помош од Уставен суд



Petar, 22.02.2012 00:10:39
Mozebi ne bi trebalo Ademi da bide del od delegacijata no mene mnogu me cudi zosto se prasuva za komentar tokmu Ico Najdovski. Ico ne prestavuva nitu edna makedonska organizacija vo Avstralija i mozam slobodno da recam deka toj e eden od najgolemite anti- makedonci koj aktivno raboti protiv Republika Makedonija i protiv Makedonskata Pravoslavna Crkva. Dojdeno a vreme da ne mu se dava niakva vaznost na ovoj covek.
Viki, 22.02.2012 06:17:46
Еве како ги трошат нашите пари - тоа е Мизер Македонија, земјата на чудата...
penzioner, 22.02.2012 08:30:38
До Петар, браво бе Петре ,ја погоди целта, уште ако си од дијаспората, уште еднаш алшкосум на умот. Афторот на писаниево, ти кажува до каде ја донесоа Македонија овие јаничари,крфта ни ја пијат.Дали ти знаеш македончево со кои пари преживува а овие дерикожи си прават екскурзии.��оа е пример за грижата на Трајко за народот. Дали знаеш каде ја смести ќерката да работи, и пошто со Македонија е се во ред ајме на шетање ама на грбот од народот. А што ако дојде ком Шпати за амбас, тамо далеку во твојата мила татковина.
Pero, 22.02.2012 08:46:24
Ico Najdovski e dokazhan Makedonski Patriot i borec za chovekovite prava na Makedoncite nasekade vo svetot. Toj so godini se bori za pravata na Makedoncite i poradi ova e iskluchitelno mnogu cenet kaj Makedonskata Dijaspora.
jon, 22.02.2012 09:01:59
Dobro e sto doagja parlamentarecot no so tri ili pet ses dusi Trieset clena delegacija, ne moza da poveruva pa ke ni se cudat lugje. Vo sise gi napikavme od kritiki ohridskata delegacija od deset clena sto ja predvodese gradonacalnokot pa mislam i ova e za kritika ako sakame da bideme realni
Petar, 22.02.2012 09:03:38
Ico Najdovski e vo pravo za zlodelata na Ademi, a vie zosto go branite Ademi?
Lidija do Petar, 22.02.2012 11:21:40
Ico Najdovski e najgolemiot zalagac za Makedonizmot vo Avstarilja i e sosema vo pravo so toa sto komentira deka nekojsi Ademi ,,borec za nekakvi prava,, od koi izginaa nasi momcinja treba da odi duri tamu,sto bara toj tamu? A sto baraat i drugive,na cija smetka odat,pa nie site im plakame za da oni se zabavljaat ,setaat i kupuvaat so nasi pari. SRAMOTA, se resija pa uste Avstralija im ostana pa i so nekojsi od DUI. Crkvata ostavija na strana,site znaeme kakvi mustri se popovite a posebno tie vo dijasporata.
Jimi, 22.02.2012 11:55:16
makedonskata zaednica treba da ima otvoren sostanok samo SO ADEMI zatoa sto samo toj moze dani kaze kako i od kade uckite kupija i kako go prenesoja toa nivno oruzje vo Makedonia, koj gi predade Makedonskite vojnici na Karpalak i koj bese iniciator za podpisuvanje na Oxhridskiot dogovor. Posle ovije dobieni odgovori ke naucime koji se predavnicite od Makedonska strana.
natasha, 22.02.2012 12:07:20
Ne mi e jasno sto ovaa teska delegacija bara vo Avstralija, so kakva cel doaga i kakvi nameri ima. Makedonskata zaednica bilo vo koj grad na Avstralija e tolku razedineta i nepismena sto so nea neznam kakva rabota bi imale. Od ekonomski aspekt za investicii na Avstralija vo Makedonija, nema sansa bidejki Avstralija investira samo onamu kade sto ima teski interesi, Makedonija ne ni postoi vo recnikot na Avstralija. Togas sto baraat site ovie luge, da prosetataat po nekolku selski sedenki da se podnajadat barbeku, da pouzivaat vo ubavoro vreme i tolku. Teski pari ke bidat frleni bez potreba zatoa vo kolku ne se plateni kartite, ne vi treba da doagate, a vo kolku dojdete togas ke vidite dekabev vo pravo i deka za djabe dojdovte. Pozdrav i se nadevam ke se vidime vo Makedonija ne vo Avstralija
попај, 22.02.2012 12:11:57
овие како да тргнале во окупација а не во работна посета. така е кога никој ништо не им може а и народот ги „сака„. само напред и во „поубава„ иднина
И јас сакам во Австралија, 22.02.2012 12:15:03
Зошто не дојдат малку по селата, да ги видат маките на земјоделците. Немој случајно Трајко да не ја земе нашата Силвана Бонева. Без неа ништо од посетата. Она ја оправи Струмица, сега ќе ја оправи цела Австралија. Може Трајко да го земе и министерот за здравство, да ги излови бубашвабите таму, да не дојдат ваму.
Ицо Најдовски Перин, 22.02.2012 13:20:24
Коментарот на извесниот Петар не кореспондира со вистината. Јас, Ицо Најдовски Перин, не држам, ниту пак сум држел витална државна позиција за да ги продавам интересите на Тепублка Македонија. Владеачките разузнувачки служби немаат никакви информации и докази за мене и со вакви лесни и паушални обвинувања врз мене ќе го правдаат „туризмот“ на делегацијата на Трајко Велјановски на која им е откажано гостопримството од македонските организации.
Наташа, 22.02.2012 14:44:30
Браво парламентарци! Ги решивте овде сите проблеми и ајде сега на заслужна прошетка до блиската ни Австралија. Срамота! Во центарот на метрополата жителите се уште се гушат од миризбата на септичките јами, за селата и патиштата што уште да се каже освен КАТАСТРОФА. Што за иднината на младите: без работа и на грбот на родителите? Вас ви се шетка по белиот свет? Повелета ако не ви е срам. Ако ви се допаѓа останете таму за да им гу пренесете овдешните услови за неживеење.
vesko, 22.02.2012 15:13:04
Bravo makedonci! as ambasadorot pero stojanovski 3 meseci ne e pojavennikade a doaga pretsedatelot veljanoski a pero cesti vecera za bubamara vo skopje
Predavnik, 22.02.2012 15:16:52
Premierot so svojata svita i Milenko na chelo, beshe vo Singapur i Japonija, ovoj verovatno so Latas ili Burekot vo Avstralija i Nov Zeland. Horhe najverovatno so Mirka na mesechinata itn. Od druga strana, DUI ja finansira Albanija i nivnite jubilei i simboli. I nema da bideme simromashni. Chudno e da seushte opstoime. Shto gledate, shto slushate i shto mislite dragi patrioti, pa za se, vkluchitelno i ova, imate opravduvanja i pofalbi. Ne mozam da vi se nachudam na aklot. Otreznete se!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Сабота
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |