Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.02.2012, 17:59

Мое ќоше

Додека Нимиц не си заминал

Ерол Ризаов

Гордиевиот јазол меѓу Македонија и Грција може да се одврзе само со меч

Метју Нимиц, медијаторот на ОН, престојува на Балканот, во посредништво за надминување на спорот со името на Република Македонија. Ревносно ја мери температурата во Скопје и во Атина од која зависи што ќе им зготви на Грците и на Македонците.

Во Скопје, вели, е студеникаво, ама снегот се топи. Му се видело на Нимиц дека на Македонците им пропуштаат чевлите кои се премногу салонски за ова време. Во три различни салони се состанал со претседателот на државата, со премиерот и со министерот за надворешни работи и со многу други знајни и незнајни јунаци. Сите некако му цупкале во исто место, како да имаат вода во ушите, а не во чевлите. Нешто многу им застудело кога Нимиц како медијатор им дал до знаење дека баш и не ги сака судските одлуки, па макар биле и на Судот во Хаг, особено ако извршителите се прават удрени и не ги спроведуваат. Во Атина температурата е многу повисока. На точка на вриење среде зима. Ама не поради него, туку поради свилениот гајтан на вратот на Грците. Нимиц во Атина го пречека, по се' изгледа, само министерот за надворешни работи, Димас. Премиерот и претседателот на Грција имаа поважна работа. Тие ги чекаа вестите од Брисел дали ќе го затегаат јазолот на гајтанот или ќе можат да земат здив. Стотици милијарди евра за европското галениче е новата доза која може да ја предозира и Европа, особено ако галеничето си ја почитува својата традиција на вечни неверства и банкротства.

Секоја планина со своја тежина. На Грците уште им гори под нозе оти не можат да си ги вратат зајмовит, ни со најновите позајмувања, а на Македонците им замрзнаа нозете одејќи кон Европа боси по трње. Македонија ја сака Европа, ама таа не ја сака неа. Класична трагедија од невозвратена љубов. Грција не ја сака Европа, ама таа ја сака Елада, мислејќи дека е тоа исто што и Грција. Таа љубов Европа ја чини како св. Петар кајгана.

Нејсе, по големата гозба што ја подготви Европа за грчката софра, Нимиц тешко ќе успее нешто од нога да приготви за Грците. Единствена надеж, сепак, е Грците да останат гладни, бидејќи овој пат ручекот мора да се плати однапред. На вакво нешто Грците не се навикнати. Нимиц нема што да им сервира ниту на Македонците, иако не се толку пребирливи. Конечниот извештај на Нимиц за климата гласи: надворешните температури се подносливи и влеваат надежи, но внатрешните се толку високи што горат се' што е разумно.

Имам еден совет за г. Нимиц. Би било добро да му пренесе на својот шеф Бан Ки-Мун да го прочита внимателно извештајот на колегата Кофи Анан за неговиот проект за разрешување на кипарскиот проблем. Рамно 30 години, од 1974 до 2004 година, Грција го убедуваше светот дека еден дел на независен Кипар е под окупација на Турција. Кипар треба да остане цел и независен како држава на кипарските Грци и Турци - беше главното гесло пред светот. Кога Кофи Анан го понуди ова истото 2004 година со поддршка на Америка. Кога на масата беше поставен предлогот за цел и независен Кипар и кога Турците го прифатија предлогот на референдум, тогаш кипарските Грци изгласаа на свој референдум дека не сакаат заедничка држава со кипарските Турци. Ги фатија живи како 30 години го лажат светот. Кофи Анан не можеше друго да изјави освен дека се' што е разумно на Кипар со овој референдум е уништено. А, Европа одговори со тоа што спокојно го прими Кипар како своја рамноправна членка, се разбира, без турскиот дел.

Затоа надежите на Нимиц за подобра клима на Балканот, со вакви преговарачи, особено со внатрешните циклонски температури немаат шанса. Можеби и можеше нешто да се направи пред неколку години ако се почитуваше Привремената спогодба, која ја гарантира ОН, за непречен прием на Македонија во светските асоцијации под привременото име ПЈРМ. Со тоа ќе се изедначеа преговарачките позиции на Македонија и на Грција. Сега, откако и Македонците, како Грците пред четири века, дознаа дека потекнуваат од античките народи и цивилизации и откако повеќевековната грчка антикоманија инфицирана токму во Европа стаса и во Македонија пред само неколку години, по оваа епидемија, нема никаква надеж за прифатливо решение од двете страни. Овој Гордиев јазол може да се одврзе само со меч. Ама нема кој да пресече.


Статијата е прочитана 2831 пати.

Испрати коментар



Иванов
Формални или неформални преговори за Македонија
Нимиц втора вест во Грција
Трајко Вељаноски со свита од 30 луѓе во Австралија
Маглата од Мостар се' уште виси над Македонија
Убав живот само во владините реклами
ФОН бара правично рангирање
Кој ги заборави делата на Јаневски и Малески
Владата глува, лекарите ќе бараат помош од Уставен суд



xcfghujio, 22.02.2012 00:25:46
Ah bre Erole na krajot pak si ja opleskal. Cumu togas na dolgo i na siroko raspravas za Kipar? Ta neli kaza deka koga Turcite prifatile togas Grcija odbila i op bidnala rabotata. Taka sega Makedoncite treba da recat da nie sme od ista drzava i od isti narod so Grcite i togas tie ke recat ne, tuka ima sustinska razlika nie nikogas nema da bideme isto so varvarite od severot i gotovo. Kakov mec kakvi bakraci? Problemot najmalke i voopsto ne e praven a posle Hag veke ne e nitu politicki tuku e kako sto i otsekogas bil-kulturoloski. A vo kulturata, samo gospod ima masina za pravenje pecati, oblici na duhot i tuka mec za secenje duh ne pomaga.
gragjanin, 22.02.2012 00:56:48
Ima koj da preseche, ama seushte nema interes.Rizaov veli i deka: Стотици милијарди евра за европското галениче е новата доза која може да ја предозира и Европа. Galeniche e Grcija zatoa shto Zapadot ima golem strategiski voen interes vo Grcija, a ne od shto i popushta ili tolku mnogu ja saka.
Ljubotan Trade Name, 22.02.2012 02:00:33
Dragi Erole, Ovaa; Istoriska vistina ja obnovi deneska,a site Nie koi,sto pratime politicki Vremeplovi,a eve kako rece,, Кога на масата беше поставен предлогот за цел и независен Кипар и кога Турците го прифатија предлогот на референдум, тогаш кипарските Грци изгласаа на свој референдум дека не сакаат заедничка држава со кипарските Турци. Ги фатија живи како 30 години го лажат светот Zarem ne mislime ,dekja eden od Drzavotvornite narodi; Makedonci il Albanci, nema da ja povtorat Kipartsdkata Formula? Pa, i den deneska se gleda, ovaa Makedonija nee nisto drugo,nego li neciv Modus Vivendi!Denes Makedonija e samo;De Jure,a ne i De Fakto! Ve molam, moze li i bez Interpukcija!
Marioec od Azija, 22.02.2012 05:46:54
Kakov jazol,pa uste da ti bil Gordiev.Nema nisto sporno i nejasno.So prifacanje na bilo kakva dodavka,pridavka na Imeto Makedonija togas ce se naprai toj jazol sto nikoj neceznae kako ce zavrsi.A sudot potvrdi deka ne e pricina Antikata barem od nasa strana.Do onoj vcera sto rece aber da se nemalo,ama toj istiot od aber aber nemat.I jas ne sum pred stabot na Gruevski,a Branko voopsto nitu mi bil mora a ni opsesija kako na istiot od Brankoviot stab.Jas sum pred stabot na Makedonija i partiite ne me zanimat.Za se sto e protiv interesot na Drzavata i Narodot vo nejze ce ukazuvam na stetnosta i pricinita od kade proizlegla i proizleguva istata. A toj so abero podobro da se zafati so rabota,oti od Brane ce nemat fajde,alde na vecera koj et gladen.
jimmy1, 22.02.2012 06:15:46
Sozdravje da si odi i da ne se vrati poveke.
pameten, 22.02.2012 06:51:05
откако повеќевековната грчка антикоманија инфицирана токму во Европа стаса и во Македонија... Ima golema razlika. Pred 200 godini obichniot Grk ne znael nishto za Antochkite Grci. No liberalnata idea imala potreba od nacionalen identitet, kodificiran jazik i nakraj nacionalna drzhava. Ovoj proces na prerodba odel istovremeno kaj niv i kaj nas! No vo Makedonija toj imal Bugarska oznaka! Sporot so Grcite bil samo teritorialen, za zhal reshen vo korist na Grcija so mnogu iladnici proterani. No Makedonskata tragedija prodolzhila so unishtuvanje na sopstvenata Prerodba, otkaz od sopstvenata bilska istorija i baranje na identitet prvom vo nebuloznite Makedonski Sloveni, potoa vo Antichkite fantazii.
David, 22.02.2012 07:44:38
Конфузен сте господине, како и вам да ви паднала магла пред очи и не сакате само да признаете дека Грција всушност за слуќајот со македонија ја игра истата игра како и со Турција за Кипар. Филот од тортата како да е резервиран за нив. Така се однесуваат. Во основа, Грците се во случајов декор, ирационалните потези ги влече Европа. Таа не ги почитува принципите од Привремената спогодба, ниту ослуките од Меѓународниот суд. Епа, ако сме држава, ќе стегнеме заби и нема да клекнеме на колена пред оние што ни откинаа дел од етничкиот простор , не прогонија, а и денес не ги почитуваат елементарните човекови права на нашите сонародници во Грција, ниту нас не ербапат за народ со своја автентична култура, јазик, историја, фолклор.Сите неволји се продукт на непринципиелноста на европските салонски мангупи.
B. Betinski, 22.02.2012 08:04:37
Site znaat deka vo megjunarodnite odnosi vazi pravoto na silata, a ne silata na pravoto od sto sleduva deka malite treba blagovremeno da gi procitaat konkretnite interesi na golemite i, vo tie ramki, da se postavat najdobro sto mozat od perspektiva na nivnite interesi. Odamna go kaza toa Gligorov (a taka и pravese!), za sto bese so godini ponizuvan i plukan od profesionalnite i, neretko, dobro plateni patrioti. Znaci, niе mozeme da se samosozaluvame kolku sto sakame, da se povikuvame duri i na nekoja pravda koja zastanala na nasa strana vo sporot so Grcija, ama od toa nema da ima nikakvo fajde. Onoj sto ne saka da gi prepoznae tie interesi (na golemite), onoj sto ne saka da go “plukaat“, neka ne se nadeva na - ishod. Ili, kazano populisticki: „Moma sto ne saka da ja stipaat neka ne se fakja na oro!“.
dobar den, 22.02.2012 09:59:56
Dobar den, g. Erole. Od kade go izvadivte denešnoto: Makedonija ja saka Evropa, ama taa ne ja saka nea - ? Jas da sum Evropa, bogami, ke sakam - hrabro momče, rabotno, vredno, silno, neustrašivo, veselo, nasmejano - ama nema da sakam plačko plačkosan, što stalno ke gi spomnuva bolki stari stotici godini (kako nikoj drug da nestradal, kako nikoj drug da ne bil maltretiran i ne se borel za opstanok!) a krivici za site svoi nedači ke mu gi prefrla na nekoj drug - a od druga strana ke se pravi itrec nad site, ke se bie v gradi - gledajte me, čudete se, a rezultat nema da se vidi! Na krajot: vo sekoj narod ima i plačkovci, i koristači..., no ima i heroi. Taka i vo mojot narod, taka i vo makedonskiot. Site sme... na krajot... samo luge.
Gordiev jazol , ama za nas, 22.02.2012 10:54:22
Erol ubavo ja komparira sostojbata so klasicna tragedija na nevozvratena ljubov:Makedonija ja saka Evropa,ama Evropa ne ja saka Makedonija.Grcija ne ja saka Evropa ,ama Evropa luduva po Elada i jaidentifikuva denesna Grcija kako naslednicka na Elada.Toa e taka , kolku i nas da ne ni se dopadja.Nie sme vo podredena polozba,a Grcija e milenicei na Evropa, koja e zaslepena po starogrckata kultura, sto go zede i svoeto ime po edna od zenite na Zevs( Evropa) koja go rodi Minos.Evropa samata se definira deka pociva na:starogrckata kultura, rimskoto pravo i hristijhanstvoto.Gledajci kako se zavrsi so Kipar, mozeme da svatime , deka nasite perspektivi vo pregovorite ne se voopsto povolni.Grcija i da se slozime so geogravska odrednica nema da prifati iako sega navodno glumi, slcno kako so Kipar nekakva si konstruktivnost.Se se plasam deka ovaj Gordiev jazol nas ce ne ugusi, a temni oblaci se nadvivaat se povece, posebno koga se slusaat i porakite od Kosovo, od Bugarija i sl.
Нека слободно си замине со здравје, 22.02.2012 12:59:51
Дочекавме еди кој си Нимиц да ни каже дека сме биле Македонци, ама демек не требало да се викаме Македонија, туку како што сакале грците??? Најдобро е да ги прекинеме сите преговори со Грција и да почекаме грците да ги растурат Европската унија и НАТО. После секако нема каде да трчаме да не примат.
do pameten, 22.02.2012 17:15:39
Vo Makedonija imalo samo makedonski oznaki.Vo 16 vek vekje bile vrateni makedonskite oznaki i za narodot i jazikot.Dodeka nekoi drugi narodi na Balkanot togas se uste nemale identitet i ne bile formirani i se sozdale mnogu podocna.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Понеделник
Локални грмотевици
Ма��с: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |