Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.02.2012, 18:08

Зошто Владата се занимава со падот на „кингерот“ на Трајковски?

Maглата од Мостар се' уште виси над Македонија. Извештајот, на кој посебен тим работел повеќе од три и пол години, веќе влезе во владина процедура

Гордана Дувњак

Ќе има ли доволно докази во новиот извештај за паѓањето на владиниот „кингер“ во кој загина поранешниот претседател на државата, Борис Трајковски, за да може седум години по трагедијата во Мостар, Обвинителството да отвори истрага?

Во изминатите години, тимот на државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, а пред тоа и на неговиот претходник Александар Прчевски, застана на ставот дека нема елементи за отворање истрага. Одговорноста за уривањето на авионот, во кој загина претседателот и деветмина членови на неговиот кабинет и на екипажот, беше лоцирана во двајцата пилоти, што се темелеше на извештајот и на транскриптот од црната кутија добиен од босанското обвинителство. Во јавноста, пак, сите овие години се плетат најразлични теории на заговор, кои прават случајот да биде обвиткан со превез на мистерија.

Од Владата потврдуваат дека извештајот што го изготви посебна работна група е веќе завршен и се наоѓа во владина процедура. По завчерашната информација, пласирана преку државната агенција МИА, владиниот портпарол Мартин Мартиноски вели дека не може со прецизност да каже кога ќе биде разгледан извештајот, не исклучувајќи ја можноста тоа да се случи и на вчерашната седница.

Чудно е што извештајот ќе се разгледува на владини комисии, што ја отвора дилемата околу легитимноста едно политичко тело да разгледува стручна експертиза, како и прашањето зошто извештајот не е испратен директно во Обвинителството. Извори од истрагата негираат дека е прекршена процедурата, потенцирајќи дека тие се должни да го достават извештајот до оној што ги ангажирал.

Тие сметаат дека извештајот содржи доволно докази за да може прв пат да биде отворена истрага, што не е направено досега, како што тврдат, ниту од страна на босанското обвинителството ниту, пак, од домашните надлежни органи.

Со содржината на извештајот, работен повеќе од три и пол години од обемен тим домашни експерти, кои биле во тесна соработка со меѓународни истражители од Советот на Европа, не е запознат ни државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Сепак, тој тврди дека во оној момент кога ќе го добијат извештајот, ќе проценат дали новите докази се доволни за отворање истрага.

Индикативно е што извештајот влегува во владина процедура само неколку дена пред годишнината од овој трагичен настан - 26 февруари, која се одбележува оваа недела. А, само ден пред тоа, во емисијата „Код“ на Канал 5 беше емитувана посебна емисија посветена на мистеријата околу паѓањето на „кингерот“.

Новинарите од „Код“ се повикаа на извештајот од македонската воздухопловна комисија, која наводно доставила официјално барање до властите со препорака да отворат нова истрага за смртта на претседателот Трајковски и неговите сопатници. Најголемите дилеми се однесуваат на моментот на реконструкција, односно како таа воопшто можела да биде направена кога инструментите биле неисправни. Беше посочено дека податоци за висината, брзината на авионот и растојанието од пистата не можеле да се земат ниту од аеродромот во Мостар, затоа што таму немало надгледен радар.

Сомнежи постојат и околу начинот на кој е направена потрагата по паднатиот авион, бидејќи цел ден немало сигнал од уредот ИЛТ, кој требало да ја покаже локацијата на падот. Според извештајот на босанската комисија, уредот ИЛТ имал проблеми со напојување со струја поради неповрзани батерии. Но, оштетениот инструмент утредента на чуден начин оживеал и дал сигнал, по што биле најдени „кингерот“ и жртвите.

Дополнителна забуна околу целиот овој случај внесе и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која неодамна за време на расправата за нејзината интерпелација, јасно алудираше дека „во времето на СДСМ имало два атентата“ - едниот на првиот претседател Киро Глигоров, а другиот на претседателот Борис Трајковски.

Еден од бранителите на семејствата на починатите, скопскиот адвокат Игнат Панчевски, вчера излезе со шокантни тврдења дека претседателот Борис Трајковски и сите сопатници во „кингерот“ што се урна во 2004 година кај Мостар се брутално убиени, а доказите за атентатот се наоѓаат во Скопје.

Тој во изјава за интернет-порталот Мкд.мк вели дека лично ги видел доказите за атентаторот, а дел од нив и самиот поседува.

Панчевски тврди дека поседува докази оти патниците што загинаа на 26 февруари 2004 година биле ��иви по падот на претседателскиот авион.

„Сите до еден биле повредени, но живи. Поседувам доказ дека еден од повредените повеќе од половина час разговарал на мобилен телефон со семејството. Му биле скршени двете нозе, но разговарал со семејството. Има докази и аудио и видеозапис, како е извршен атентатот. Постои сателитска видеоснимка. Тој е соборен од воен авион. Потоа на снимките се гледа како на местото на настанот доаѓаат мобилни воени екипи. Преживеаните биле убиени, а потоа телата префрлени и запалени со напалм“, вели адвокатот Панчевски.

Извори на „Утрински весник“ од истражниот тим што го изготви најновиот извештај потврдуваат дека навистина постојат такви докази. Но, нагласуваат дека споменатиот адвокат своевремено ја одбил понудата за заедничка истрага. Се надеваат дека Обвинителството ќе ја искористи својата законска надлежност и ќе ги побара на увид и доказите што ги поседуваат семејствата на починатите.


Статијата е прочитана 5795 пати.

Испрати коментар



Иванов
Формални или неформални преговори за Македонија
Нимиц втора вест во Грција
Трајко Вељаноски со свита од 30 луѓе во Австралија
Убав живот само во владините реклами
ФОН бара правично рангирање
Кој ги заборави делата на Јаневски и Малески
Додека Нимиц не си заминал
Владата глува, лекарите ќе бараат помош од Уставен суд



Весна.С. од Прилеп, 22.02.2012 02:50:08
Да бидам искрена јас бев во многуте кои учествуваа во протестите кои се одржаа во Македонија против изборот на Борис Трјкоски за претседател(иако од денешна гледна точка и победата на Тито Петкоски за Македонија ќе претставуваше можеби поголема катастрофа)меѓутоа сигурна сум и верувам дека авионската несреќа претставува смислена акција (можиме само да нагаѓаме од кого) за ликвидација на Претседателот Борис Трајкоски-другите сопатници во авионот се колатерална штета.Со неговата ликвидација се постигна двоен ефект 1.како потписник на рамковниот договорна кратко се замолчија противниците на истиот и 2.се осигураја дека еден од клучните сведоци (а тука и скоро сите членови на претседателскиот кабинет)ќе се замолчи за тоа што се случувало во 2001год,ако се знае дека Трајкоски во повеќе наврати најавуваше откривање на детали за нас непознати од 2001.
Dimo, 22.02.2012 06:13:23
A sto treba,da se zataska i da se zaboravi?
NEVEN GNEVEN, 22.02.2012 07:13:09
Ni eden javen obvinitel do sega sto bil na funkcijata, nema stiskaec da ja kaze pravata vistina ili da otvori istraga. Samo si ja gledaat foteljata da ne mu ja zafati nekoj, a raborata za sto se postaveni, ne e bitna. Dokolku e tocno ona sto go izjavuva advokatot Pancevski, (A jas mu veruvam), Gospod da im plati na site sto se zamesani nim i na narednite 7 (Sedum) pokolenija.
glasac, 22.02.2012 08:31:59
Vreme e konecno da se razbere ednas vistinata.
Влатко, 22.02.2012 09:49:02
За да им го отргнува вниманието од реалните економски проблеми секакви магли продава оваа влада.
sime, 22.02.2012 09:52:56
Ako miniusterkata tvrdi deka e atentat togas toa e vistinata.
pile, 22.02.2012 11:19:48
Republika Makedonija nema institucionalen kvalitet za kvalitetna i nepristrasna a pred se Zakonita kako istrazjna taka i Sudska postapka,sto dovolno go pokazjuvaat ocenkite sodrzjani vo Izvestajot na EK za 2011 godina, pri sto pokraj negativnostite se potenciraat iminja na Ministri za pravda ili za vnatresni raboti kako negativni primeri za odnesuvanje vo svoite resori.Za slucajot treba da se angazjira MKS vo Hag, ako se saka, da se doznae vistinata i odgovornite da se izvedat pred liceto na pravdata.A komentatorot podVesna s, od Prilep, neka ja pogledne emisijata ,,vo centar od Vasko Eftov na Tv Alfa od 20.02.mozjebi ke go smeni mislenjeto,samo Vasko ne ne potseti koj e momentalno obvinitel na Haskiot trubunal za voeni zlostorstva za poranesna Jugoslavija i do koga ke molci.
Mark, 22.02.2012 11:40:44
Defokusiranje od grdata stvarnost-ete toa e! Prv pat go gledame ova? Vtor pat???
GATACH, 22.02.2012 11:46:38
Ajde da pretpostavime deka atentatot e organiziran i sproveden pod pokrovitelstvo na CIA od USA. (samo se salam). Sto mislite dragi moi ima moc i m....a vladata da podigne optuzba protiv involviranite vo atentatot...
АТЕНТАТ. Така на прв момент ми дојде., 22.02.2012 11:52:51
И имам осомничени. Грција и Франција. Да продолжи истрагата.
Mudrec, 22.02.2012 13:27:56
A na koj mu smeta toa sto povtorno se otvara ovaa tema (koja nikogas i ne bese celosno zatvorena)? Se nadevam vistinata ke izleze na videlina, edvaj cekam da gi vidam dokazite.
sega, 22.02.2012 17:01:01
Vo otsustvo na strategija,programa i najmalku idei za razvoj na zemjata najdobro e da se istrazuva minatoto.Vprocem taka i najdobro se uspiva makedonskiot narod,od toj aspekt mojam da mu cestitam na Nikolce vistinski doktor za ovoj narod.Kako e pogovorkata uspesna operacija pacientot mrtov.......
miki, 22.02.2012 17:47:20
Дрн, дрн јариња..............обично дефокусирање на јавноста од очајната состојба во која не внесоа овија неспособњаковиќи........ништо друго..........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Сабота
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |