Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.02.2012, 18:52

„Група на смртта“ за ватерполистите во Едмонтон

Сите пет ривали на Македонија во првата фаза од квалификациите за ОИ се од Европа, на чело со вицепрвакот Црна Гора

Роберт Димитриевски



И да сакаа, македонските ватерполо-репрезентативци тешко дека можеа да состават потешка квалификациска група за Олимписките игри во Лондон. Таков е првиот впечаток од имињата на противниците на турнирот што ќе се одржи од 1 до 8 април во канадскиот град Едмонтон, каде што Македонија во рамките на групата А ќе игра со Црна Гора, со Германија, со Романија, со Грција и со Холандија. Групата Б ја сочинуваат Шпанија, домаќинот Канада, како и селекциите на Венецуела, Бразил, Аргентина и Турција. Четирите најдобри од двете групи продолжуваат во четвртфиналето, каде што ќе се вкрстат првиот од групата А со четвртиот од групата Б, а преостанатите три двојки ќе се формираат по принципот 3А-2Б и 4А-1Б. Четирите полуфиналисти ќе обезбедат настап на олимпискиот ватерполо-турнир.

„Полошо од ова - здравје. Но, и да бевме во другата група, во четвртфиналето ќе моравме да елиминираме ев��опска селекција за да избориме олимписка виза, па од таа гледна точка исто ни се фаќа. Сепак, во групата на аутсајдерите ќе имавме можност добро да се уиграме и да се подготвиме за клучниот дуел и во него да вложиме максимални сили, па што биде. Вака, секој ден ќе имаме силни мечеви, па и да дојдеме до четвртфиналето, прашање е со каква кондиција и со каков играчки состав би го дочекале“, вели поранешниот македонски селектор Сашко Поповски, сега член на Стручниот штаб на националниот тим.

Легендата на македонското ватерполо, сепак, смета дека Македонија не е без шанси во групата на смртта.

„За пробив меѓу осумте најдобри ќе ни бидат потребни две до три победи. Објективно, подобри сме од Холанѓаните, со Романците сме тука некаде според квалитетот, Германците ни одговараат како противник, а со Грците се' ќе зависи од психолошкиот момент. Против Црна Гора нема што да бараме“, смета Поповски.

Токму против Црногорците, кои на јануарското Европско првенство во Ајндховен го освоија сребрениот медал, Македонија во Едмонтон ќе го одигра првиот официјален меѓусебен дуел, а со три од другите противници во групата ги одмери силите на неодамнешното ЕП. Тогаш избраниците на селекторот Игор Гочанин изгубија од Грција со 10:6, од Холандија со 10:8 и од Романија со 12:10. Со Германците играме во иста група во годинашната Светска лига и во Штутгарт бевме поразени со 8:5, а реваншот е на 20 март.

Од противниците во Едмонтон „црвено-жолтите“ досега ги имаат совладано Холандија со 9:7 на скопскиот квалификациски турнир за ЕП 2008 во Малага, потоа Грција со 7:6 во Светска лига пред две години, како и Германија по изведувањето пенали лани во ова натпреварување.

Ватерполо-турнирот на Игрите во Лондон ќе се одржи од 29 јули до 12 август. Покрај домаќинот Велика Британија, автоматско учество имаат обезбедено и Србија како освојувач на Светска лига 2011, потоа светскиот првак Италија, како и Хрватска и Унгарија како медалисти на СП 2011 во Шангај, панамериканскиот шампион САД, азискиот првак Казахстан, како и Австралија.


Статијата е прочитана 690 пати.

Испрати коментар



Загреб со скалпот на Барселона!
Изненадувачка победа на Њу Џерси во Чикаго
фудбал-вести
Вардар подобар од Наџран на Хаџиевски
МКД-вести
Докузовски го освои Купот на Бугарија



makedonci vo Edmonton, 20.02.2012 08:24:29
Iako e ne znacitelen brojot na makedonci vo Edmonton sepak ne ima, dovolno da Vi dademe poddrska: Smelo napred vaterpolisti-glavata gore Mekdonijo!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Вторник
Грмотевици со дожд
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |