Ванчо Димовски во најдобрата седморка на колото во ЛШ
Ова е вторпат сезонава играч на Металург да биде во најдобрата „седморка“ откако тоа беше Наумче Мојсоски во 4.коло
Играчот на Металург Ванчо Димовски е избран во најдобрите седум ракометари на 9.коло од Лигата на шампионите според ЕХФ.
Ова е вторпат сезонава играч на Металург да биде во најдобрата „седморка“ откако тоа беше Наумче Мојсоски во 4.коло.
Во најдобрата седморка за ова коло се наоѓаат: лево крило – Валур Сигурдсон (Копенхаген); лев бек – Микел Хансен (Копенхаген); среден бек – Никола Карабатиќ (Монпеље); десен бек - Александар Стојановиќ ( Кадетен Шафхаузен); десно крило – Матјаж Брумен (Копер); пикер – Ванчо Димовски (Металург) и голман – Арунас Васкевичиус (Веспрем).