Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
20.02.2012, 13:52
Шведска ЛГБТ-изложба и дводневна конференција



Изложба која нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата ќе биде отворена во „Чифте-амам“

„Член 1 и Музеј Нестрејт“ е насловот на шведската ЛГБТ-изложба што ќе биде отворена во среда во Националната галерија „Чифте-амам“ во 20 часот, а ќе биде проследена и со дводневна интернационална конференција која во истиот простор ќе се одржува на тема: „Не/видливо: политичките и сексуални режими на архивата“.

Оваа патувачка изложба која досега е презентирана во дел од најеминентните музеи во Шведска и нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата, првично беше поставена во Стокхолм за време на „Европрајд“ во летото 2008 година, а потоа и на „Балтик прајд“ во Рига, во Белград и во Сараево. Содржи неколку помали изложбени дела произведени од различните музеи кои раскажуваат различна приказна, чиј заеднички предмет е ЛГБТ-историјата. Со свој материјал на неа учествуваат шведските музеи: „Нобел“, тамошниот полициски музеј, националниот музеј на технологија и наука, музејот на армијата, националниот музеј на антиквитети и музејот на спортови.

Изложбата е подржана и овозможена од Шведскиот институт, а во организација на „The Unstraight Мuseum“, а ќе биде збогатена и со локална контрибуција сочинета од две поставки: „Сексуалноста на архивата“ и „Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија“, кокурирани од Славчо Димитров и Велимир Жерновски.

Интернационалната конференција на 23 февруари ќе се одвива реализира на тема: „Музеите и човековите права. Улогата и одговорностите на јавните инстититуции денес“, а на 25 февруари на тема „Квир колација на културата: национализмот, културата, историјата и сексуалноста“.

Ќе учествуваат: Катарина Живановиќ (Србија), Илина Јакимовска (Македонија), Небојша Вилиќ (Македонија), Татјана Греиф (Словенија), Јохана Вапнаргард (Шведска), Улф Петерсон (Шведска), Елен Ларсон (Шведска), Горан Босанац (Хрватска), Душан Маљковиќ (Србија), Станимир Панајотов (Бугарија), Славчо Димитров (Македонија), Жарко Трајаноски (Македонија), Иванка Апостоловска (Македонија) и Миша Поповиќ (Македонија). Локални партнери во организацијата на овој неколкуденевен настан во Скопје се: институтот „Евро-Балкан“, коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Националната галерија на Македонија, како и шведските амбасади во Скопје и во Белград. (К.Б.)



Статијата е прочитана 551 пати.

Испрати коментар



Пронајдена „помлада и посвежа“ Мона Лиза од п��риската
Бандерас ќе го глуми Пикасо во „33 дена“
Принцот од Монако натепан во Њујорк
Северина се породи, синот се вика Александар
Руската Парис Хилтон во кампања против Путин
Македонецот Стефан Лошковски избран за најубав маж во светот
„Златен прстен“ за писателот Веле Смилевски
Погребна церемонија
Милчо Манчевски добитник на наградата ��ЕИ 2012
„Цезар мора да умре“ добитник на „Златна мечка“
Куклена претстава „Муминтрол и зимата“ во МНТ
Промовиран филмот „Дојди во Карпош“ во продукција на ЕСРА
„Софија на столица“ - изложба на Богдан Грабуловски во Прилеп
Клуни - Осамен сум и понекогаш премногу пијам
Филмот за нацисти кои ја напаѓаат земјата во фокусот на Берлинале
Електронскиот бенд „01 плант“ во живо на Канал 103

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Среда
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -4°C

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |