20.02.2012, 10:41 Меси со четири гола го прослави 200. настап во дресот на Барса
Барселона ја декласира Валенсија со 5:1 во дерби натпреварот од 24. коло во шпанската Примера
Аргентинецот Лионел Меси уште еднаш потврди зошто во моментов е најдобриот светски фудбалер. Со четирите гола во својот 200. настап во дресот на Барселона, Каталонците ја декласираа Валенсија со 5:1 во дерби натпреварот од 24. коло во шпанската Примера.
Иако гостите со голот на Пиати во 9. минута поведоа со 1:0, сепак во продолжението од средбата на сцена стапи Меси и со головите во 22, 27, 76 и 85. минута продуцираше комплетен пресврт кој беше заокружен со голот на Чави во последната минута.
На останатите натпревари одиграни вчера: Гранада – Реал Сосиедад 4:1, Атлетик Билбао – Малага 3:0, Спортинг Хихон – Атлетико Мадрид 1:1, Мајорка – Виљареал 4:0 и Леванте – Рајо Ваљекано 3:5
Во саботата: Реал Мадрид - Расинг Сантандер 4:0, Хетафе – Еспањол 1:1 и Севиља – Осасуна 2:0.
Колото ќе биде комплетирано вечерва, со дуелот Сарагоса – Бетис, кој ќе започне во 21 часот.
Табела: Реал Мадрид 61 бодови, Барселона 51, Валенс��ја 40, Атлетик Билбабо 33, Еспањол 33, Атлетико Мадрид 32, Леванте 32...
|