Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Македонија
12.02.2012, 19:30

Канцелар со таинствена насмевка

Ангела Меркел е најмоќна жена на светот како лидер на најсилната европска економија и, де факто, лидер на ЕУ

Димитар Чулев

Ангела Меркел често се смее, но за она какви мисли стојат зад нејзината таинствена насмевка се знае, велат некои, исто толку колку и за она што се крие зад загадочниот лик на Мона Лиза.

Германскиот канцелар е доминантна фигура, а магазинот „Форбс“ во последниот извештај ја смести на првото место на најмоќните на светот како лидер на најсилната европска економија и, де факто, лидер на Европската унија. На последниот светски економски самит во Давос, токму Меркел заедно со Кристин Легард, шефицата на ММФ, беа личностите од кои светот сакаше да слушне во кој правец ќе се бараат решенија за излез од кризата во еврозоната кои би можеле да го спречат натамошното метастазирање на кризата до - светска рецесија.

Во Британија со загриженост и респект уште од времето на Маргарет Тачер (која во паѓањето на Берлинскиот ѕид антиципираше моќна Германија по реунификација на западниот и источниот дел), се гледа на засилувањето на Берлин кое кулминира во времето на двата мандата на Ангела Меркел. Германскиот извоз во 2011 година првпат ја надмина границата од илјада милијарди евра. Ако овие показатели одат на контото на првиот човек на германската влада тогаш не се изнасилени оценките дека од Меркел може да зависи благосостојба на она што се нарекува обединета Европа.

Во Франција, според една анкета, таа е попопуларна од Никола Саркози и во тој навидум патетичен факт може, меѓу другото и да се разбере зашто канцеларката застана на страната на Никола пред француските претседателски избори во април. Во Атина, не ја сакаат, а објавувањето на нејзини надградени фотографии и текст со нацистичка иконографија во еден весник, само потврдуваат дека – и' се плашат. На меѓународен план одигра вонредно кога одби да ги поддржи НАТО бомбардирањата на Либија. Меркел беше таа која се покажа „маж“ и одлета во Кина да преговара за можна кинеска асистенција во лекување на полукоматозната евро-економија, од каде ја пренесе пораката на Ху Џинтао – „ЕУ да си ја заврши домашната работа“.

„Никој не ја сака, никој не ја обожува, но сите особено ја почитуваат“ вели професор Волфанг Сток, еден од нејзините биографи. Јошка Фишер, еден од поранешните министри за надворешни работи, деновиве напиша дека на домашен план таа „сега треба да биде среќна: позитивните рејтинзите на нејзината партија не се лоши, а нејзините лични се многу добри“. На повидок, Ангела нема сериозен предизвикувач кој би можел да ја загрози во намерата во 2013 по трет пат да се кандидира за канцелар. Во европски рамки „нејзината реакција на европската криза победи – или барем таков е впечатокот што таа го пренесува, и повеќето веруваат во тоа“.

Германците „сакаат разумен, прагматични лидер кој навистина ќе ја претставува Германија и нема да ги предаде клучните германски вредности... Напорна работа, фискалната одговорност, социјална пазарна економија... тоа е она што ние го добивме и ние сме многу задоволни со тоа“, вели еден германски банкар.

Барањето напорно да се работи и да се биде чесен во плаќањето во даноците, е она што сега Меркел го наметнува како своја формула за сопирање на драматичната криза во еврозоната. На пример, нејзиното инсистирање да ја натера Грција да спроведе структурни реформи, да спроведе даночна дисциплина како гаранција која Атина треба да ја депонира за да го добие појасот за спас. Или – да замине. Настапувајќи како бескрупулозен моќен играч кој го прави она што смета дека е потребно, многумина ја обвинуваат дека тоа обид за германизација на Европа, некој одат дотаму што во Меркел гледаат опасност за ново воскреснување на германскиот „рајх“. Наспроти овој фобичен став стои стварноста дека таа не по своја вина во моментот го носи бремето на неспорен лидер на ЕУ во чии раце е клучот за лекување еврозоната.

Лондонски „Телеграф“ во една прилика ќе напише дека „никој не може да се прочита умот Меркел, талент што таа го развила додека растела во Источна Германија“. Како ќерка на лутерански свештеник таа не дојде во судир со секуларната средина, успеа да изгради кариера како научник, а да не се приклучи на владејачката партија во комунистичката земја, беше наградувана и ценета, а успеа да остане неконтаминирана и своја личност во едноумието.

Меркел не е харизматична личност која со жестоки говори, популизам и ветувања до небо, ја гради својата успешна кариера. Иако малку зборува за својот приватен живот, за неа се знае дека нема некаква разлика меѓу Меркел канцеларката и Анѓела домаќинката. Таа сака да приготвува ручеци, прави колачи од сливи, сама пазарува во супермаркет, го сака Вагнер и понекогаш - планинари со сопругот.

Родена како Ангела Доротеа Кеснер во 1954, таа ќе се омажи на 23 години со нејзиниот колега физичар Урлих Меркел. Бракот не траел долго, „Звучи глупаво, но во бракот не стапив со потребната сериозност“, ќе рече Ангела. Во втор брак стапува одново со човек од нејзиното академско опкружување – хемичарот Јоаким Зауер.

Неверојатно, но во политиката влегува дури на 35-годишна возраст како член на организација која се бори за човековите права и тоа еден месец пред паѓањето на Берлинскиот ѕид. Хелмут Кол бил тој кој во Ангела препозна капацитет и како нејзин ментор е најзаслужен за метеорското напредување на ненаметливата Ангела, кој тој ја нарекувал „мојата девојка“. Прагматична по природа и образование, таа ќе ја искористи приликата кога Кол ќе западне во афера со тајни фондови за финансирање и прва во отворено писмо до јавноста ќе го искритикува.

Тоа ќе го трасира патот по угорна линија. Станува секретар а подоцна и лидер на нејзината ЦДУ партија, а од 2005 и канцелар на Германија, реизбрана е во 2009 . Таа е првиот поранешен државјанин на Германската Демократска Република која ја води обединета Германија и воопшто првата жена која ја води Германија како модерна нација-држава одо 1871 година. „Од самиот почеток на оваа криза, во 2007-8, Ангела Меркел не престана да обезбедува доказ дека е навистина направена од материјал како и сите големи лидери“, вели Жан Кватермер, долгогодишен дописникот на француски „Либерасион“ од Брисел.


Статијата е прочитана 2356 пати.

Испрати коментар



Што ќе одговори Груевски во Берлин
Карневалски маски за етнички мир
Ангела Меркел е омразена во Грција



B. Betinski, 13.02.2012 13:47:21
Kvalifikacijata „beskrupulozen moken igrac“ kako glavna karakteristika za germanskiot kancelar Angela Merlel e, vo najmala raka, somnitelna, ako ne i mnogu povekje od toa (ne sakam da go upotrebam vistinskiot zbor). „Beskrupulezen“ politicar e onoj koj si gi dopusta site sredstva (zakonski i nezakonski) za da ostvari („ostvaruvame“?) nekoja cel. Taa formula e poznata kako pronajdok na Nikolo Makijaveli iako nejziniot tvorec e idelogot na ezuitizmot Ignacio Lojola. Veruvam deka i avtorot na statijata dobro znae deka A. Merkel e daleku od toa da sprovetuva nekoja ezutska tehnika na vlasta. Megjuto, neodmerenite kvalifikcii neretko vodat kon „neobicni“ poraki kako vo slucajov so „beskrupoloznata“ Merkel. Kako da go pisuval toa gneven Grk koj pali germansko zname, a ne nas covek, ottuka.
Do Betinski od Vnimatelen, 13.02.2012 17:26:10
„Настапувајќи како бескрупулозен моќен играч... Наспроти овој фобичен став стои стварноста дека таа не по своја вина во моментот го носи бремето на неспорен лидер на ЕУ во чии раце е клучот за лекување еврозоната“. Od kade Beskrupulozen e glvna karakteristika na Merkel

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: -2°C, Мин: -8°C

Сабота
Ведро
Макс: 3°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |