Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Политика
12.02.2012, 19:55

Со бор машина против евроинтеграцијата

На конференцијата на СДСМ гостите не се слушаа, бидејќи баш за време на настанот и околу салата се работеше интензивно и дупчеше бор машина

Во Македонија има расчекор меѓу декларативните заложби за евроинтеграција и реалната политика која оди во сосема друг правец, тврдеше лидерот на СДСМ, Бранко Црвеновски, на Меѓународната конференција „Проширувањето на ЕУ: пат со постојани пречки?“ Според него, таквите антиреформски политики камуфлирани во проевропска реторика предизвикуваат сомнеж и разочараност кај граѓаните во самата европска идеја.

Црвенковски смета, исто така, дека со искрена политичка волја од Македонија и од Грција може да се реши спорот за името, но дека таа во изминатиот период видливо недостасува. На конференцијата учествуваа и известувачите на ЕП за Македонија, Ричард Ховит, и за визната либерализација, Тања Фајон. Фовит, сепак, не се појави на прес-конференцијата, според него бидејќи станува збор за собир на претставници на социјалистичките партии, а тој не е тоа, туку известувач, а според наши извори, бидејќи не сакал да му се повтори искуството на Зоран Талер, кој беше обвинет за пристрасност и беше во „политичка војна“ со власта во Македонија.

Европарламентарците притоа видоа од прва рака каква е слободата на изразување во Македонија откако од почетокот, па до крајот на конференцијата мораа да надгласаат бор машина, бидејќи некој во висококатегоризираниот „Александар палас“ баш во сабота, и баш во тој термин решил нешто да реконструира. Иако одговорните во хотелот беа предупредени дека работите пречат, тие не престанаа до крајот на прес-конференцијата, па во таа неверојатна бучава гостите не се слушаа, а Јан Виерсма ја оцени ситуацијата и како необјаснива.

Тања Фајон, сепак, ги подвлече заложбите на групата на социјалдемократи во ЕП за продолжување на процесот на проширување на ЕУ и за интеграцијата на Западен Балкан.

„Во ЕП сме голем поддржувач на процесот на проширување и се обидуваме моментно, исто така, да извршиме притисок врз нашите европски влади да сторат се' да се отворат преговорите со Македонија. Мислам дека ова е многу важно и покрај неразрешеното прашање за името со Грција затоа што многу добро знаете дека веќе имаме јасни препораки од ЕК“, рече Фајон. Taa во пресрет на состанокот на Европскиот совет за внатрешни работи и за правда кој ќе расправа за визната либерализација попладнево имаше средба со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин, пак, како лански известувач за Македонија, оцени дека верува во европската иднина на земјата и дека таа е единствениот начин да се обезбеди просперитет, стабилност и мир во регионот и целосно почитување на човековите права во земјата и пошироко, што е едно од прашањата кое според него загрижува.

Генерално, беше упатена порака дека за Македонија, но и за другите земји од регионот нема алтернатива за членство во ЕУ и дека меѓународното право и пресудата од Хаг мора да се почитуваат од земјите-членки на Унијата. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 3566 пати.


Испрати коментар



Арифи, Бесими и Попоски
Партијата на Петровски премина во ВМРО-ДПМНЕ
„Тигрите“ и „волците“ спасија 60-годишен човек
Македонија завеана



Skopje, 13.02.2012 00:41:52
Колку е мизерен насловот на колумната. Се бара секој можен начин се да се поврзе и да послужи за оцрнување на Владата. Сигурно Груевски сам зел дупчалка и намерно во „Александар Палас“ хотелот на Штерјо финансиерот на СДС дупчел за да пречи на конференцијата. Сега веднаш Гордан да излезе на прес и да побара одговорност од Владата, а Бране наш да побара интервенција од странските амбасади и ЕУ.Колку бедни инсинуации. Зарем на ова спадна Бранко.
Rabotlivi ludje ???, 13.02.2012 01:12:08
Patriotite rabotat 24/7, toa e barem poznato i kristalno jasno.Tie rabotat sekade i sekogash, i ne biraat vreme i mesto. A dali rabotat so bor-mashini, vuvuzeli ili kravi, ne bitna rabota odnosno, shto bi rekol Djole, to su samo nijasne. Upravo zarad ovakvi budalshtini, ako ikad Brane pobedi, ima sekakvo pravo na celosen revansh, se po spisku, pocnuvajci od Grujo pa se do Latas, bez milost i prostuvanja. Belkim ovoj pat ce stasa sekade.
dedo dimo, 13.02.2012 04:07:55
A koj e najgolemata kochnica za patot na Makedonija kon EU .SDSM na chelo so Branko.Izgleda chovekov zaborava kolku vreme SDSM beshe nadvor od PARLAMENTOT . Shto znachi ne birashe nachin da se pokori deka e vo opozicija i so sila sakashe da se nametni Na zalost Branko vechno ke bidish vo senka .Komunizmot propadna pa lugeto pochnaa da se osloboduvaat od stravot a isto i od vas i vashata SDSM.
bitola, 13.02.2012 07:06:47
ovoj bc,golem reformist bese,samo vo bitola da nabrojam;bankite,tekstilot,frizideri,metalec,lozar,.....,na krajot i temeli za bazent stavi ama fala bogu na toa ostana,oti kako ja zasaka BT site ke ne udavese,i sega ke mu otvorese rabota na grujo cela bitola da e izgradese so spomenici.
девичанецот, 13.02.2012 13:11:07
Тешко на таа земја, што нема алтернативи. Поготово за ЕУ..и НАТО...
od nepismen makedonec kako dedo dimo ibitlcaneco, 13.02.2012 13:23:42
dedo dimo za zalene si kako segasnio kominizam ni vo kyba nee dali nese mies naytro da ti se opyla ocite da poglednis ili sekogas pijan si a i ti od bitola vie vamarovcite gi tepafte rabotnicite so specialcite vamaroski a ne komynistite ke se razbydite samo kasno koga ke nemame drzava pozdrav do tie sto mislat dobro za drzavata ako gi ima

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 16°C

Четврток
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C

Петок
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Попрво ќе го поздравам Тито отколку што ќе заврши оставинската постапка
Јованка Броз лута на државата и на судот 33 години по смртта на Тито...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |