27.08.2013, 15:15 Камерон: Парламентот в четврток ќе расправа за Сирија
Британскиот премиер Дејвид Камерон објави денеска на Твитер дека го свикува парламентот в четврток за гласање за британски одговор за нападите со хемиско оружје во Сирија.
- Одобрено ми е барањето за свикување на парламентот в четврток за гласање реакции против користењето хемиско оружје во Сирија, наведе Камерон на социјалната мрежа.
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам ��ејг изјави вчера дека е можно да се одговори на употребата на хемиско оружје во Сирија и без едногласна поддршка во Советот за безбедност на ОН.
- Дали е можно да се одговори на хемиското оружје без комплетно единство во СБ на ОН? Би рекол дека е можно, во спротивно не ќе може да се одговори на една таква трагедија, злосторство, а јас не сметам дека тоа е прифатлива ситуација, истакна Хејг.
Велика Британија е меѓу оние држави кои бараат построг меѓународен одговор на наводната употреба на хемиско оружје во Сирија.
- Советот за безбедност на ОН не е единствен по прашањето за Сирија, не ги исполнува своите обврски во врска со оваа земја, инаку ќе постоеше поголема шанса за ставање крај на овој конфликт одамна. Што и да се направи ќе биде согласно меѓународното право, нагласи шефот на британската дипломатија.
|