26.08.2013, 12:53 Бензините и дизелот поскапуваат за денар
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50, а новата цена на дизелот ќе изнесува 70,50 денари за литар
Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Спо��ед одлуката на РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.
Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 41,603 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, во просек е за 1,23 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката за зголемување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и односот на курсот на денарот во однос на доларот.
|