27.08.2013, 14:40 Нишикори му подаде рака на 175. на светот
Ден Еванс направи чудо во првото коло на УС опен и го елиминира 11-тиот носител
Далеку од големината на Енди Мареј, Ден Еванс дочека барем еден ден слава во британската јавност, откако го направи најголемото изненадување во првото коло на УС опен. Тенисерот кој игра на првиот грен-слем, освен „Вимблдон“, го изненади Кеи Нишикор��, носителот број 11 во Њујорк и тоа без да загуби сет, 6:4/6:4/6:2.
„Ова беше добар меч. Убаво е чувството да играте добро против некој толку високо рангиран. Се чувствував самоуверен цела недела и затоа не бев загрижен дека ќе одиграм добар натпревар“, изјави 23-годишниот Британец, можеби и со преголема самодоверба.
Еванс моментно е 167 позиции послабо рангиран од Нишикори, на 179-тата позиција на светот, но уште пошокантна е оваа негова победа, ако се знае дека пред само шест месеци беше надвор првите 300 на планетава!
Од таа точка, тенисерот со бедно економско и финансиско потекло првпат успеа да стигне до второто коло на еден грен-слем и, во случајов, да инкасира (барем) 53.000 долари. Дали ќе бидат повеќе зависи од следниот меч, против Бернард Томиќ, кој, пак, беше поуспешен од Алберт Рамос од Шпанија и тоа во пет сета.
УС ОПЕН МАЖИ, ПРВО КОЛО
(2) Надал (Шпа) – Р. Харисон (САД) 6:4/6:2/6:2, (4) Ферер (Шпа) – Кирјос (Авс) 7:5/6:3/6:2, (8) Гаске (Фра) – Расел (САД) 6:3/6:4/6:2, Еванс (ВБ) – (11) Нишикори (Јап) 6:4/6:4/6:2, (18) Типсаревиќ (Срб) – Куевас (Уру) 6:3/6:7/6:3 пред., (23) Ф. Лопез (Шпа) – Сера (Фра) 6:7/6:2/6:3/6:3, Додиг (Хрв) – (27) Вердаско (Шпа) 6:3/7:5/1:6/4:6/6:3, (30) Гулбис (Лет) – Хајдер-Маурер (Авт), (32) Турсунов (Рус) – Бедене (Сло) 7:5/4:6/6:3/6:0, Томиќ (Авс) – Рамос (Шпа) 6:3/3:6/4:6/7:6/6:3, Руфен (Фра) – Штруф (Гер) 7:6/6:3/2:6/2:6/6:1, Кукушкин (Каз) – Мартин (Свк) 6:4/7:6/7:5, Робер (Фра) – Оливети (Фра) 6:3/6:3/6:4, Давиденко (Рус) – Р. Вилијамс (САД), Баутиста-Агут (Шпа) – Белучи (Бра) 6:3/6:2/6:2, Клан (САД) – Де Шепер (Фра) 7:6/2:6/7:6/7:6, Робредо (Шпа) – Матошевиќ (Авс) 6:3/6:7/6:3/6:2.
УС ОПЕН ЖЕНИ, ПРВО КОЛО
(1) С. Вилијамс (САД) – Скијавоне (Ита) 6:0/6:1, (3) А. Радвањска (Пол) – Солер-Еспиноза (Шпа) 6:1/6:2, (8) Кербер (Гер) – Храдечка (Чеш) 6:1/6:1, (5) Ли (Кин) – Говорцова (Блр) 6:2/6:2, (9) Јанковиќ (Срб) – Кис (САД) 6:3/6:4, В. Вилијамс (САД) – (12) Флипкенс 6:1/6:2, (15) Стивенс (САД) – Минела (Лук) 4:6/6:3/7:6, (16) Лисицки (Гер) – Душевина (Рус) 6:2/7:6, (18) Суарез Наваро (Шпа) – Дејвис (САД) 6:0/6:0, (19) Кирстеа (Ром) – Фишман (Кан) 7:5/5:7/6:1, (23) Хемтон (САД) – Аруабарена (Шпа) 6:4/6:2, (25) Канепи (Ест) – Кинг (САД) 4:6/7:6/6:1, Маир-Ахлајтнер (Авт) – (29) Рибарикова (Свк) 7:6/6:, (30) Робсон (ВБ) – Домингез Лино (Шпа) 7:5/6:0, (32) Павлјученкова (Рус) – Разано (Фра) 7:5/6:0, Торо Флор (Шпа) – Ераковиќ (НЗ) 6:0/6:4, Младеновиќ (Фра) – Медина (Шпа) 6:1/1:6/6:1, Гарсија (Фра) – Роџерс (САД) 6:3/6:2, Шведова (Каз) – Пучкова (Рус) 6:1/6:0, Шмиелдова (Свк) – Фогел (Шва) 6:1/5:7/7:6,Вандевеге (САД) – Круниќ (Срб) 6:4/7:5, Арвидсон (Шве) – Четковска (Чеш) 1:6/6:4/6:1, Ормаечеа (Арг) – Дате-Крум (Јап) 6:3/7:6, У. Радвањска (Пол) – Бегу (Ром) 6:1/6:3, Барти (Авс) – Кабеса-Кандела (Шпа) 6:1/6:4, Нара (Јап) – Каданту (Ром) 6:2/6:2, Женг (Кин) – Бертенс (Хол) 6:1/6:3, Клејбанова (Укр) – Пуиг (Пур) 6:4/3:6/7:5.
|