16.08.2013, 16:42 Надал и Федерер се судрија во четврт-финалето
Рафаел Надал и Роже Федерер повторно заиграа еден против друг и ќе потсетат зошто тенисот е убав. Некогашните редовни финалисти доцна синоќа се судрија уште во четврт-финалето на Мастерсот во Синсинати откако и двајцата имаа трета рунда со по три сета.
Федерер изненади со пресвртот за победа против Томи Хас, додека Надал имаше нешто посмирена борба против Григор Димитров.
Шпанецот почна убедливо, со 6:2 во првиот сет. Во вториот направи брејк во седмиот гејм, но кога требаше да го потврди, како да влезе во некоја криза, која до држеше до крајот на сетот, до 7:5 за Бугаринот. Сепак, третиот период беше реприза на првиот, со сигурни удари и агресивни напади од Надал и затоа резултатот повторно застана на 6:2.
Дуелот меѓу Надал и Федерер беше 31. официјален на АТП-турнејата и само втор во четвртфинална фаза, по Индијан Велс, оваа година.
„Сме играле многу натпревари во големите финалиња. Затоа сега секој меч со него е посебен. Комбинацијата на нашите стилови ги прави натпреварите интересни. Се надевам дека ќе бидам подготвен“, рече пред мечот Рафа, кој води 20:10 во дуелите со Швајцарецот. |