13.08.2013, 12:22 Ето сака кај Мурињо
Камерунецот во редовите на „сините“ може да премине без проблем бидејќи неговиот руски клуб Анжи реши да се „ослбоди“ од најскапите играчи
Еден од најплатените фудбалери на светот Самуел Ето изјавил дека е подготвен повторно да соработува со Жозе Мурињо, односно да биде дел од премиерлигашот Челз��. Камерунецот во редовите на „сините“ може да премине без проблем бидејќи неговиот руски клуб Анжи реши да се „ослбоди“ од најскапите играчи.
Мурињо ова лето се врати во клубот од Лондон и една од главните цели му е да го засили нападот, а барем засега Манчестер Јунајтед ги одбива понудите за Вејн Руни. Во една таква ситуација можно е Ето да биде нов член на „сините“ особено што Камерунецот и менаџерот Мурињо имаа добра соработка во 2010 година кога беа дел од итлијанскиот Интер, кој таа година беше и европски шампион. |