14.08.2013, 16:44 Злато за Ирска на 50 километри брзо одење
Ирецот Роберт Хефернан по 30 години на СП во Москва денеска го освои првото место за неговата земја во оваа дициплина
Роберт Хефернан од Република Ирска го освои златниот медал во трката на 50 километри брзо одење на Светското првенство што се одржува во Москва. По 30 години ова е прв златен медал за Ирска, откако првиот претходно на истиот ден 14.август 1983 година на првото Светско првенство го освои Имон Коглан.
Хефернан патеката ја мина за 3:37.56 часа, второто место му припадна на Русинот Михаил Ризов со време 3:38.58, а трет целта ја мина Џаред Талент од Австралија со време 3:40.03.
На шампионатот денеска ова беше единствената финална дисциплина, а попладнево натпреварувачите се слободни. |