Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.08.2013, 12:00

Рохани: На Иран му треба нова надворешна политика

Новиот ирански претседател критикуваше популизмот на претходникот Махмуд Ахмадинеџад во надворешнополитичките изјави

Новиот ирански претседател Хасан Рохани денеска ги искритикува, според него, популистичките надвореш��ополитички изјави на својот претходник Махмуд Ахмадинеџад.

Дури и малите грешки можат скапо да го чинат Иран, предупреди Рохани на церемонијата на стапување на должност на новиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф.

Тој ги повика претставниците на иранските власти внимателно да размислат пред да даваат изјави во областа на надворешната политика.

Рохани забележа дека на претседателските избори, на кои тој победи, Иранците јасно дале до знаење дека сакаат нова надворешна политика.

Претходно овој месец новиот ирански претседател на својата прва прес конференција, откако стапи на должност, изјави дека е подготвен да ја смири соодветната загриженост на меѓународната заедница за нуклеарната програма на земјата.

Техеран потврди дека располага со 18.000 центрифуги 

Иран располага со околу 18.000 центрифуги за збогатување ураниум, од кои над 10.000 се активни, денеска изјави досегашниот раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран (ОАЗИ) Ферејдун Абаси Давани, потврдувајќи ги податоците објавени во мај од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија француските медиуми.

- Во почетокот на месецот мордад (23 јули) имавме 17.000 центрифуги од првата генерација, од кои 10.000 работат, а 7.000 се подготвени да влезат во експлоатација, рече Давани, цитиран од домашните медиуми, при предавањето на своите овластувања на Али Акбар Салехи, кого новиот ирански претседател Хасан Рохани го назначи за нов директор на ОАЗИ.

- Инсталирани се, исто така, и околу 1.000 центрифуги од втората генерација, кои се подготвени да проработат, дополни тој.

Во својот извештај во мај МААЕ сооопшти дека Иран има 17.600 инсталирани центрифуги, а 16.590 се од прва генерација, додека 1.000 од втора.

САД и сојузниците стравуваат дека Иран се обидува да создаде нуклеарно оружје, а Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има мирновремена намена.


Статијата е прочитана 408 пати.


Испрати коментар



Олигархот во служба на дивата
Поплавата во Русија најголема по еден век
Двајца турски новинари во затвор во Каиро
Боливиец слави 123 години
Муслиманското братство оди во ил��гала
Египет ја отвори Пандорината кутија
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |