Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.08.2013, 12:36

Пипан не e задоволен, не е ни разочаран

Словенецот ќе бара резултати на Европското првенство, каде се надева дека нашите херои ќе бидат подготвени и ќе се покажат во најдобро светло

МАРИЈА КОВАЧЕВА

Македонската кошаркарска репрезентација на успеа да дојде до тр��тата победа во пресметките со Литванија. Избраниците на Алеш Пипан беа поразени со 62:50 во единствениот пријателски меч на домашен терен во пресрет на Европското првенство во Словенија и покрај тоа што имаа водство во првите три четвртини.

Нашите кошаркари добро го почнаа мечот, по водството на противникот од 4:1 во воведните минути, Дамјан Стојановски со три тројки во серија ни донесе предност од 11:6. Но, Литванците брзо се вратија и првата четвртина ја завршија во нивна корист (13:14).

Тројката на Ѓорѓи Чековски на стартот на вториот период максимално ги мотивираше останатите кошаркари на теренот, со серија 13-0 во 15. минута дојдовме до највисока предност од 26:14, но повторно не успеавме да ја задржиме. Селекцијата на Литванија брзо се врати во игра, на полувремето имаше негатива од само еден поен (28:27).

Благодарение на двајцата најдобри наши кошаркари на овој меч = браќата Војдан и Дамјан Стојановски, кои се во одлична форма, црвено-жолтите успеаја да ја одбранат позитивата, но се' до стартот на последната четвртина (44:43).

Избраниците на Пипан во првите две и пол минути не постигнаа ниту еден поени, на другата страна Литванците со четири поени во серија по подолго време дојдоа до водство (44:47). На момент се разбуди Лестер Бо Мекејлеб, но тоа не беше доволно за целосно враќање на водството. За разлика (во овој дел од постигнавме само шест поени) од нас, нашиот противник лесно го наоѓаше патот до кошот, на нецели две и пол миниту до крајот дојде до првата двоцифрена предност (59:48) и таа ја задржа до последната минута.

Во овие моменти Македонија немаше расположен кошаркар, кој можеше да ги повлече останатите. Далеку од потребната форма беше капитенот Перо Антиќ, мечот го заврши без ниту еден поен. Првиот македонски кошаркар во НБА-лигата имаше шест неуспешни обиди од линијата за три поени и еден од поле, а притоа додаде уште четири загубени топки. Недостасуваа поени на Владо Илиевски, а како и на Тодор Гечевски, од кого поради доцното приклучување на подготовките се очекува да се врати во ритам веќе во Словенија.

На крајот, браќата Стојановски заедно постигнаа 19, Предраг Самарџиски застана на 11 поени и пет скока, а еден поен помалку реализираше Мекејлеб. Кај Литванците Линас Клеиза со 14 поени и шест скока беше прво име.

Сепак, сликата (слабата игра во нападот) на пријателскиот меч со Литванија воопшто не треба да не плаши. До стартот на Евробаскетот каде што треба да бараме победи има уште две недели, доволно време за да кошаркарите дојдат до посакуваната форма. Но, од друга страна, треба да бидеме свесни дека против Литванците, кои во Скопје дојдоа некомплетни ќе треба да го дадеме последниот атом сила доколку сакаме повторно да ги собориме.

Македонија - Литванија 50:51

Резултат по четвртини (13:14, 15:13, 16:16, 6:19)

Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 7.000. Судии: Милојевиќ - И.Митровски - Феревски.

Македонија: Костоски, Илиевски 2, Соколов 2, Мекејлеб 10, В. Стојановски 8, Д. Стојановски 11, Брчков, Гечевски, Антиќ, Ѓуроски, Чековски 6, Самарџиски 11, Крстевски.

Литванија: Поциус, Каленитис 4, Лавринович 10, Мациулис 11, Делининкатис 2, Сеибутис 3, Клеиза 14, Гецевичиус, Валанчиунас 7, Јавтокас 7, Чижаускас, Кузминскас 2, Мотиејунас 2.

ПИПАН НЕ Е ЗАДОВОЛЕН, НЕ Е НИ РАЗОЧАРАН

По мечот селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан, нормално, беше незадоволен од играта на своите момци, но не и разочаран. Словенецот ќе бара резултати на Европското првенство, каде што се надева дека нашите херои ќе бидат подготвени и ќе се покажат во најдобра светлина.

„Нормално, ниту еден пораз не е добар. Видовме каква е моменталната состојба на двете селекции и дека не' чека уште многу работа во следните 14 дена. Кај нас имаше доста слабости и во нападот и во одбраната и по ова заедно ќе седнеме и ќе го анализираме овој натпревар. Она што треба да биде јасно е дека ние не се подготвуваме за овој дуел со Литванија, видовте дека играчите имаат тешки нозе, се' уште тешко се движат и дека не е тоа она што може да се очекува од нив. Немавме квалитетен проток на топката во нападот, пренесувањето на топката, исто така, не беше на потребното ниво, а контранапади воопшто и немаше“, рече Пипан. „Евидентно е дека играчите кои подоцна се приклучија немаат сила да одиграат како што знаат и умеат, а и како што јас би сакал да ги видам на теренот. Но, сето тоа може да се надомести со секојдневните тренинзи што ги имаме. Од друга страна, мора да се каже и дека тие не' натскокаа, имаа многу повеќе скокови од нас, но не треба сега да тагуваме за овој пораз. Уште еднаш велам, ние се подготвуваме за Европското првенство и најважно е таму да се покажеме во вистинска светлина. Дотогаш имаме две недели и пет пријателски натпревари на кои од средба во средба мораме да видиме одреден напредок во играта“.

ЗА КАЛЗАУСКАС ПОБЕДАТА НЕ Е МЕРИЛО ЗА ЕП

И покрај триумф на Литванија, селекторот Јонас Казлаускас не беше задоволен од играта на своите момци. За искусниот стратег победата не е мерило за она што ќе се случува во Словенија.

„Ниту една од двете екипи не одигра добро. Кога имате 17 загубени топки, како што тоа беше случај со нас, не можете да кажете дека сте одиграле добро. Се' уште не сме во добра форма, ниту како колектив ниту, пак, индивидуално кога се одделни играчи во прашање. Истото тоа може да се каже и за Македонија, така да мислам дека на Евробаскетот ќе добиеме една сосема поинаква слика од оваа која ја видовме вечерва. Оваа наша победа не значи ништо во моментов“, рече Казлаускас, кој не се оптоварува премногу со останатите противници во нашата група Б, како и другите учесници.

„Моментно ме интересира само мојот тим и не размислувам за фаворитите на ЕП. Ќе видиме која селекција во кој состав ќе пристигне во Словенија, многу играчи го откажаа својот настап и искрено, јас се' уште не знам како ќе изгледаат повеќето екипи. Има уште доста натпревари да се одиграат пред да се зборува за тоа кој е фаворит, а кој не е. Она што е јасно е дека сме дел од навистина тешка група“.

Кошаркарите денеска патуваат за Шпаниjа

Македонската репрезентација денеска патува за Шпанија каде што веќе утре и задутре ќе одигра два пријателски меча со бранителот на европската шампионска титула. По што следува гостувањето на турнирот во Улм Германија каде што силите ќе ги одмериме со Грција, домаќинот и со селекцијата на Босна и Херцеговина нашиот противник на Евробаскетот 2013. Дуелот со Босанците ќе биде и последна контрола за црвено-жолтите, кои во Скопје се враќаат на 26 август и ќе останат до 2 септември за кога е предвидено заминувањето за Јесенице.

За Казлаускас победата не е мерило за ЕП 

И покрај триумф на Литванија селекторот Јонас Казлаускас не беше задоволен од играта на своите момци. За искусниот стратег победата не е мерило за она што ќе се случува во Словенија.

„Ниту една од двете екипи не одигра добро. Кога имате 17 загубени топки, како што тоа беше случај со нас, не можете да кажете дека сте одиграле добро. Ние се уште не сме во добра форма, ниту како колектив, ниту пак индивидуално кога се поедини играчи во прашање. Истото може да се каже и за Македонија, така да мислам дека на Евробаскетот ќе добиеме една сосема поинаква слика од оваа која ја видовме вечерва. Оваа наша победа не значи ништо во моментов“, рече Казлаускас, кој во моментов не се оптеретува премногу со останатите противници во нашата група Б, како и другите учесници.

„Во моментов ме интересира само мојот тим и не размислувам за фаворитите на ЕП. Ќе видиме која селекција во кој состав ќе пристигне во Словенија, многу играчи го откажаа својот настап и искрено, јас се уште не знам како ќе изгледаат повеќето екипи. Има уште доста натпревари да се одиграат пред да се зборува за тоа кој е фаворит, а кој не е. Она што е јасно е дека сме дел од навистина тешка група“.


Статијата е прочитана 1579 пати.


Испрати коментар



Евробаскет 2013 - Во Копер ќе се игра баскет на море
Убедлив триумф на Јувентус во Суперкупот на Италија
Барса со седум гола го „прегази“ Леванте
Надал и Азаренка триумфираа во Синсинати
Болт го истрча и третото злато
Неда Украден ќе ја забавува „фалангата“
(ФОТО) Металург го одбрани трофејот во Струга
Јубилејот без Докузовски и Марковски!?
(ФОТО) Литванска одмазда среде Скопје
Астон Вила го преслуша Арсенал на „Емирати“
Болт најбрз и на 200 метри
Металург и Иври финалисти во Струга
Суарез пак првиот тим на Ливерпул
Фарах најбрз и на 5.000 метри
Надал и Федерер се судрија во четврт-финалето
Густаво официјално во Волфсбург
Спекталот за ЕП може да почне
Металург на чекор до финалето во Струга
Бондаренко се закити со злато во Москва
МЗТ ги почна подготовките за новата сезона
Јаневски задоволен од резултатот, но не и од играта
Бартоли замина во пензија
Вардар и Металург убедливи на стартот на „Струга 2013“
Бугарија падна во вистинско време
Злато за Ирска на 50 километри брзо одење
Илиевски - „Ќе го оставиме срцето на терен“
УЕФА го исфрли Металист од ЛШ
Хејнкес го одбил ПСЖ
Ибрахимовиќ - „До крај ќе го испочитувам договорот“
Шарапова се сопна уште на стартот во Синсинати
(ВИДЕО) Исинбаева трет пат светска шампионка
Металург СЕХА ќе ја игра во Велес
Гечевски - Фотографијата не ме остави рамнодушен
Руска доминација на 20 километри брзо одење за жени

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |