Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.08.2013, 16:14

Забрана за „Муслиманското братство“?

При празнењето на џамијата Ал Фатах се уапсени 385 луѓе, приврзаниците на соборениот египетски претседател Морси повикуваат на нови протести

Не може да има помирување со оние што имаат „крв на рацете“ - египeтскиот преоден премиер Хашем а�� Библави бара од исламистите да се откажат од насилство како предуслов за политички дијалог. Претседателскиот советник Мустафа Хигази вчера (17.08), пред претставниците на меѓународните медиуми, дури зборуваше за „војна против екстремистичките сили“, кои сакаат да ја уништат државата. Владата и военото раководство во Египет, независно од критиката на Западот, ја потврдија уште еднаш својата определба за остар курс во кризата.

Повеќедневните судири меѓу исламистите и безбедносните сили имаат најверојатно и правни последици. Државата новинска агенција Мена јави дека властите водат истрага против 250 поддржувачи на Муслиманскот братство за убиство, обид за убиство и тероризам.

Преодната египетска влада ги преиспитува можностите за забрана на „Муслиманското братство“. Портпарол на Владата во Каиро изјави дека предлогот за прогласување на исламистичката организација за нелегална дошол од преодниот премиер Ал Библави. Сепак, одлука се‘ уште не е донесена. Организацијата беше основана во 1928 година, а беше забранета во 1954 година од тогашната воена власт во земјата. Во март годинава „Муслиманското братство“ се регистрираше како невладина организација. Неговата новосонована Партија за слобода и правда победи на парламентарните избори по падот на Хосни Мубарак. Меѓутоа, според анкетите, оттогаш таа има загубено многу на популарност.

Џамијата во Каиро е принудно испразнета

Полицијата вчера по повеќечасовни претстрелки принудно ја испразни џамијата Ал Фатах во Каиро, во која беа забарикадирани стотици приврзаници на соборениот претседател Мохамед Мурси. На телевизиските снимки можеа да се видат вооружени лица кои од минарето на џамијата пукаат врз полицајци и војници. Безбедносните сили возвраќаа на огнот. Престрелки имаше и во џамијата. Уапсени се 385 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кога исламистите ја напуштија џамијата, тие беа нападнати од разбеснети жители на Каиро, вооружени со стапови и железни шипки. „Ова се терористи“ извикуваше разбеснетата толпа. И во други делови на Каиро цивили напаѓаа исламисти, честопати само затоа што носеле брада.

Откако ситуацијата во Египет ескалираше во средата (14.08), кога беа расчистени два протестни кампа на исламистите во Каиро, загинаа околу 800 луѓе. (Дојче веле)


Статијата е прочитана 570 пати.


Испрати коментар



Заврши заложнич��ата драма во Инголштат, ослободени сите заложници
Петок краен рок за деблокирање на Комисијата
Мубарак наскоро на слобода?
Се забранува групирање во набавките во здравството
На Писториус ќе му се суди за убиство
Заложничка драма во Инголштат, Меркел ја откажа посетата
Аврамопулос - Скопје го намали влијанието на Грција
Ќе се бара нова фирма за барокот на „Водовод“
Обновени пешачки премини за побезбедни училишта
За притисоците врз Македонците - казна од 430 евра
Скопска фирма увезла гас без да плати 90.000 евра царина
Јанкулоска - Обезбедени се докази за десетмината од „Пошта“
Иванов - На Македонија и требаат луѓе кои знаат да водат
Кривични пријави за четири естрадни уметнички во Велешта
Единаесет повредени при експлозија во кинески ресторан во Софија
Двајца повредени при судир на воз и автомобил во Велес
Москва ја сака базата „Андреас Папандреу“ на Кипар
Состојбите во Европа и ЕУ на средбата Иванов - Клаус
(ФОТО) Скопјанец изгоре во пожар во сопствениот дом
Вонредна средба на ЕУ за Египет
Четвртата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Ел Барадеј го напушти Каиро, замина во Виена
Во „Пошта“ разбојниците влегувале како дома
ЈСП ќе отвора музеј на автобуси
Германски „Лидл“ влегува во Србија
Становите во Реонски центар „Аеродром“ чинат 795 евра квадрат
Ставрески во септември ќе пресече за ребаланс на Буџетот
Претепан маж во кафеана во Кисела Вода
Естонци во Скопје фатени при кражба на гориво
Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градовите
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Иванов - Ќе дојде денот на признание - членството во НАТО
Лазарат се минира, жителите ќе ја бранат марихуана
Осуммина вработени во Пошта приведени за грабежот во Чаир
Инвестиција од автоиндустријата во Кичево
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара ребаланс на буџетот на Центар
Египет ја отвори Пандорината кутија
Груевски - Извештајот за 24 декември е речиси готов
Кравите виновни за рестрикциите на струја
Запленети 540 стебла марихуана во Малина Маала
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет
Турција демантира дека регрутира Албанци за Сирија
Четитка од претс��дателот Иванов за Денот на АРМ
(ФОТО) Свечености за АРМ на плоштад „Македонија“
Писториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |